Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада

    29.10.2026 во 19:44

    Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ

    29.10.2026 во 19:43

    Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси

    29.10.2026 во 19:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Мицкоски утре во посета на Јурумлери: Почеток на изградбата на нова фаза од вакуумската канализација
    • Трајчулески до Мицкоски: Како Владата гарантира контрола на границите по бегствата и случајот со петте тони дрога
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собранието ја започна 97. седница: Ацо Ристов предлог за нов претседател на РКЕ, се чекаат и нови вицегувернери

    Собранието ја започна 97. седница: Ацо Ристов предлог за нов претседател на РКЕ, се чекаат и нови вицегувернери

    08.04.2026 во 13:002 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонското Собрание денеска го утврди дневниот ред на 97. седница, по што започна расправата со поставување прашања од опозициските пратеници до членовите на Владата. На оваа седница, пратениците треба да одлучуваат за клучни кадровски решенија во енергетскиот и финансискиот сектор.

    Најзначајната точка е именувањето на нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Како предлог-кандидат на местото на Марко Бислимоски е Ацо Ристов. Покрај ова, на дневен ред се и предлозите Ана Митреска и Игор Величковски да бидат именувани за вицегувернери на Народната банка.

    Собранието прифати неколку законски измени по скратена постапка, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив е Законот за средното полициско училиште и измените во Законот за финансирање на локалната самоуправа. Со овие измени, општините ќе можат да бараат согласност за ново задолжување доколку доцнат со обврските само 3 месеци, наместо досегашните 12.

    На предлог на ЗНАМ, по скратена постапка ќе се носи и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Оваа измена ќе им овозможи на возачите со „Б“ категорија, по завршена 4-часовна обука, да управуваат мотоцикли од категоријата А1 со автоматски менувач, исклучиво на територијата на државата.

    Парламентарното мнозинство ги одби предлозите на СДСМ за намалување на ДДВ за горивата на 5 проценти и поевтинување на патарините за 50 отсто. Исто така, не беше прифатен предлогот на Левица за измени во Законот за одбраната. Образложувајќи го предлогот, пратеникот Амар Мециновиќ истакна дека се предвидува:

    „Армијата да биде ангажирана само во мисии со меѓународен легитимитет, односно кои се одобрени од Советот за безбедност на ООН.“

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада

    29.10.2026 во 19:44

    Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ

    29.10.2026 во 19:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.