Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Падна дилер од Василево: Се обидел да ја фрли дрогата додека го апселе

    Падна дилер од Василево: Се обидел да ја фрли дрогата додека го апселе

    08.04.2026 во 10:291 Min Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Д.С.(27) од село Владевци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

    На 06.04.2026 во село Владевци, при преземање на службени дејствија, полициски службеници од СВР Струмица забележале патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а со оглед на тоа што претходно била издадена судска наредба за претрес на неговиот дом, полициските службеници му пристапиле и во моментот на лишување од слобода тој фрлил три пакувања со марихуана, кои се пронајдени и одземени. Постапувајќи по судската наредба, полициски службеници извршиле и претрес во неговиот дом каде се пронајдени 24 пакувања со марихуана, 13 пакувања со кокаин и две дигитални ваги.

    Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и во службен разговор изјавил дека дрогата му била подготвена за продажба. Д.С. е изведен пред судија од Основен суд Струмица кој му определил мерка притвор.

    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.