Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Експерти бараат решение за јазиците по Устав, опозицијата преку протести се обидува да ја дестабилизира државата

    07.04.2026 во 11:50

    ЕИТ со нов повик: Над 240.000 евра поддршка за иновативни стартапи преку програмата Jumpstarter 2026

    07.04.2026 во 11:47

    ММФ: Конфликтот на Блискиот Исток ќе ја зголеми инфлацијата и ќе го забави глобалниот раст

    07.04.2026 во 11:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Експерти бараат решение за јазиците по Устав, опозицијата преку протести се обидува да ја дестабилизира државата
    • ЕИТ со нов повик: Над 240.000 евра поддршка за иновативни стартапи преку програмата Jumpstarter 2026
    • ММФ: Конфликтот на Блискиот Исток ќе ја зголеми инфлацијата и ќе го забави глобалниот раст
    • Извештај на ДЗР: Програмите за ран скрининг на рак се неефикасни, 80 отсто од пациентките доцнат со лекувањето
    • Падна пресудата за Лидија Димовап: Апелација ја укина затворската казна и го врати случајот на почеток
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС лицемерно профитира од сопствениот енергетски пустош, загубите во ЕСМ се нивно наследство
    • (ВИДЕО) Шпанец се обидел да прошверцува илјадници парчиња пирсинг и игли за тетовирање на скопскиот аеродром
    • Масакр: Руски дрон погоди автобус полн со луѓе, има мртви и повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Експерти бараат решение за јазиците по Устав, опозицијата преку протести се обидува да ја дестабилизира државата

    Мицкоски: Експерти бараат решение за јазиците по Устав, опозицијата преку протести се обидува да ја дестабилизира државата

    07.04.2026 во 11:502 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Решението за употребата на албанскиот јазик во правосудството мора да биде исклучиво во рамките на Уставот и меѓународните стандарди. Ова е пораката што ја испрати премиерот Христијан Мицкоски по вчерашниот протест на граѓани кои бараа полагање на правосудниот испит на мајчин јазик.

    Премиерот информираше дека веќе е формирана специјална комисија од уставни експерти која има задача да најде правно издржано решение за овој чувствителен проблем. Тој потсети дека актуелниот Закон за употреба на јазиците е веќе оспорен пред Уставниот суд, а Венецијанската комисија има дадено јасно негативно мислење за двојазичноста во судството.

    „Ако навистина сакаме европски да се однесуваме, тогаш мораме да ги почитуваме Уставот и меѓународните стандарди. Факт е дека имаме негативно мислење од Венецијанската комисија. Прво, немаме доволно ресурси за тоа да го имплементираме, а второ, не се гарантира владеењето на правото, односно се создава нееднаквост. Затоа тие силно препорачуваат да се вратиме на законот за јазици од 2008-2009 година“, појасни Мицкоски.

    И покрај овие правни пречки, премиерот нагласи дека Владата ги почитува правата на студентите кои студираат право на албански јазик како дел од образовниот систем во државата.

    Осврнувајќи се на вчерашниот протестен марш, Мицкоски упати остри критики кон политичките противници. Тој посочи дека присуството на голем број опозициски активисти и функционери на протестот му дало јасна политичка конотација.

    „Ние за ова ги информиравме нашите сојузници во НАТО и во рамките на ЕУ – за обидот на опозицијата на одреден начин да направи дестабилизација. Мислам дека тоа не наиде на одобрување од страна на високи претставници на меѓународната заедница“, заклучи претседателот на Владата.

    Популарно

    Мицкоски: Експерти бараат решение за јазиците по Устав, опозицијата преку протести се обидува да ја дестабилизира државата

    07.04.2026 во 11:50

    ЕИТ со нов повик: Над 240.000 евра поддршка за иновативни стартапи преку програмата Jumpstarter 2026

    07.04.2026 во 11:47

    ММФ: Конфликтот на Блискиот Исток ќе ја зголеми инфлацијата и ќе го забави глобалниот раст

    07.04.2026 во 11:40

    Извештај на ДЗР: Програмите за ран скрининг на рак се неефикасни, 80 отсто од пациентките доцнат со лекувањето

    07.04.2026 во 11:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.