Вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали, кој е дел од македонската владина делегација на Генералното собрание на ОН во Њујорк, во разговор за МИА зборуваше за новата стратегија за проширување на ЕУ и дијалогот со Бугарија.
Сали очекува официјализирање на предлогот на Франција и Германија за постепена интеграција на земјите кандидати, оценувајќи дека тој може да придонесе за забрзување на евроинтегративниот процес.
Вицепремиерот ја поддржува и иницијативата за вклучување трета страна во разговорите со Бугарија, посочувајќи дека комуникацијата со Софија треба да биде веродостојна и поддржана од претставници на Европската комисија или Европскиот совет.
На средбите во Њујорк, Сали истакна дека македонската делегација ги претставува приоритетите на државата, меѓу кои членството во НАТО, зајакнувањето на соработката со САД и целосната интеграција во ЕУ.

