Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54

    Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања

    29.10.2026 во 19:52

    Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада

    29.10.2026 во 19:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Мицкоски: Не постои ниту една афера која е поврзана со оваа влада
    • Сали во Даблин: Охридскиот договор е трајна обврска, а не само историски документ
    • Василевска во „Колегиум“: Опозицијата користи застарен ПР и води политика спротивна на државните интереси
    • Над 22.000 преземања за 24 часа: Апликацијата „m.Uslugi“ забележа голем интерес кај граѓаните
    • Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години ќе можат да избираат меѓу останување во Армијата, трансфер или отпремнина
    • ДЗС: Над старата касарна во Битола отстранети се 1.700 рачни бомби и мини
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Најважните избори во ЕУ: Виктор Орбан пред историски предизвик од поранешниот соработник Петер Маѓар

    Најважните избори во ЕУ: Виктор Орбан пред историски предизвик од поранешниот соработник Петер Маѓар

    05.04.2026 во 15:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Следната недела Унгарија излегува на парламентарни избори кои меѓународните аналитичари ги оценуваат како најзначајниот политички настан во Европската Унија во последните пет години. По 16 години непрекинато владеење во кои ја трансформираше земјата во модел на „нелиберална демократија“, премиерот Виктор Орбан за првпат се соочува со реална закана за губење на власта. Негов главен предизвикувач е Петер Маѓар, поранешен соработник на власта, кој со својата партија „Тиса“ предизвика политички земјотрес во земјата.

    Изборната трка се одвива во атмосфера на длабока поларизација, што најдобро се гледа низ тотално спротивставените анкети. Додека независните агенции како „Медијан“ бележат водство на Маѓар од дури 20 проценти (56% наспроти 37% за владејачката Фидес), владините институти како „Незoпонт“ тврдат дека Орбан ќе задржи стабилно парламентарно мнозинство.

    Главниот адут на опозицијата на овие избори е економијата. Маѓар успеа да ги обедини незадоволните граѓани фокусирајќи се на високата корупција и економската стагнација на земјата, која бележи буџетски дефицит од околу 5 проценти. Тој кампањата ја претстави како референдум за иднината, потенцирајќи дека местото на Унгарија е цврсто во ЕУ и НАТО.

    Овие избори имаат и силна геополитичка димензија. Орбан ја ужива отворената поддршка на десничарските лидери и Доналд Трамп, а во Будимпешта пред изборите е најавено и пристигнувањето на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Спротивно на тоа, европските институции во Маѓар гледаат шанса за враќање на либералната демократија во Унгарија.

    Сепак, патот до промена на власта е исклучително тежок поради изборниот систем. Вашингтонскиот институт „Карнеги“ предупредува на системско прекројување на изборните единици во корист на власта. Нивните пресметки покажуваат дека на партијата „Тиса“ би ѝ биле потребни 55 отсто од гласовите за обично мнозинство, додека на Фидес би му биле доволни само 45 отсто за да освои двотретинска апсолутна власт.

    Доколку дојде до промена, тоа ќе биде најголемиот политички пресврт по падот на комунизмот, иако аналитичарите укажуваат дека дури и Маѓар не би направил радикални резови преку ноќ, особено околу енергетската зависност од Русија.

    Прочитај повеќе

    Русите подготвуваат оружје како од научнофантастичен филм

    29.10.2026 во 17:59

    Вучиќ е подготвен за дијалог, но и за соработка со „Студентската листа” – најави и ново раководство на СНС

    29.10.2026 во 15:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.