Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Сонцето, колку е блиску сонцето“ била првата реченица – МНТ одбележува 81. година континуирана работа

    „Сонцето, колку е блиску сонцето“ била првата реченица – МНТ одбележува 81. година континуирана работа

    03.04.2026 во 10:101 Min Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонскиот народен театар (МНТ) денеска го одбележува 81. роденден од првата претстава на македонски јазик, со што почнува континуираната работа на театарскиот ансамбл.

    Првата реплика на македонски јазик „Сонцето, колку е блиску сонцето“ ја изговори актерката Вера Вучкова на 3 април 1945 година, на изведбата на претставата „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров и во превод на Блаже Конески.

    Лани МНТ го одбележа 80-годишниот јубилеј со сценско-музички проект во режија на Дејан Пројковски, „Сонцето, колку е блиску сонцето – Made in МNT“, кој претставува аудиовизуелно патување низ македонската драматургија, поезија, проза и ликовна уметност, како омаж за актерите, режисерите, драматурзите и професионалците зад кулисите.

    Осумдесет и првиот роденден МНТ го одбележува со гостувања на театри од регионот, меѓу кои: „Амадеус“ во режија на Александар Поповски во изведба на Словенечко народно гледалишче од Марибор, монодрамата „Безгрешна (Immaculata)“ инспирирана од романот „Маријиниот завет“ и претставата на Црногорско народно позориште „Другата страна“ во режија на Борис Лијешевиќ.

    Just In
    Прочитај повеќе

    И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ

    06.10.2026 во 12:24

    Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат

    06.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.