Close Menu
Press24
    Најново

    Андоновски: Македонија ќе биде прва во регионот која ќе ги исполни задачите за ЕУ роаминг

    03.04.2026 во 08:09

    Министерот Љутков во работна посета на Лешок

    03.04.2026 во 08:07

    Потпишување меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети – Мицкоски на настанот

    03.04.2026 во 08:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Андоновски: Македонија ќе биде прва во регионот која ќе ги исполни задачите за ЕУ роаминг
    • Министерот Љутков во работна посета на Лешок
    • Потпишување меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети – Мицкоски на настанот
    • Дожд, снег и ветер до недела – УХМР најавува пресврт од следната седмица
    • Драма во зграда во Скопје: Маж нападнат со тврд предмет од својот сосед
    • Научници создадоа вештачки дијаманти за 2,5 часа
    • Овој хороскопски знак влегува во период на големи промени
    • Андоновски: Дигитализација и сајбер безбедност ќе бидат дел од стратешкиот дијалог
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Андоновски: Македонија ќе биде прва во регионот која ќе ги исполни задачите за ЕУ роаминг

    Андоновски: Македонија ќе биде прва во регионот која ќе ги исполни задачите за ЕУ роаминг

    03.04.2026 во 08:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонија ќе стане првата земја во регионот што ќе ги исполни обврските за укинување на дополнителните трошоци за роаминг во Европската Унија, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

    Во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, тој појасни дека граѓаните нема да плаќаат дополнително за повици, пораки и интернет при престој во земјите членки на ЕУ.

    – Ветивме дека ќе бидеме први во регионот што ќе ги реализира овие обврски. Тоа значи дека нема да има дополнителни трошоци за користење мобилни услуги во ЕУ. Нашата цел е балканскиот модел за роаминг да го примениме и со Унијата. Го завршивме нашиот дел од работата, текстот е доставен до ЕУ за мислење и ќе биде изгласан во Собранието – изјави Андоновски.

    Тој додаде дека пред две недели добиле дополнителни прашања од Европската Унија, но нагласи дека планот останува непроменет и дека државата е подготвена да ја финализира законската рамка за укинување на роаминг трошоците.

    Во однос на евроинтегративниот процес, Андоновски посочи дека земјата останува посветена на европскиот пат, но дека секој следен чекор мора да биде придружен со јасни гаранции.

    – Не се откажуваме од ЕУ. Напротив, активно работиме на реформите и ги исполнуваме обврските. Сепак, нашиот став е принципиелен – секоја промена или чекор од македонска страна треба да биде проследен со соодветни гаранции. Во моментов немаме отпочнато преговори ниту отвораме кластери, а од нас постојано се бараат отстапки на штета на националните интереси – истакна Андоновски.

    Top News
    Популарно

    Андоновски: Македонија ќе биде прва во регионот која ќе ги исполни задачите за ЕУ роаминг

    03.04.2026 во 08:09

    Министерот Љутков во работна посета на Лешок

    03.04.2026 во 08:07

    Потпишување меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети – Мицкоски на настанот

    03.04.2026 во 08:06

    Дожд, снег и ветер до недела – УХМР најавува пресврт од следната седмица

    03.04.2026 во 08:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.