Close Menu
Press24
    Најново

    Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите

    07.07.2026 во 21:41

    Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните

    07.07.2026 во 21:39

    Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане

    07.07.2026 во 14:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Во четврток почнува судскиот процес за серискиот убиец од Старо Нагоричане
    • Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром
    • Камбовски: Правилникот за надосместоците на судиите-поротници е стар повеке од 15 години
    • Стојаноски: Ќе прифатиме се што ќе договорат опозициските партии, ако биде прифатен нашиот став – дијаспората да може да гласа
    • Економија: Дел од поскапувањето не се должи на реални трошоци, туку на напумпување цени
    • По подолго време пад на трошоците на живот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Спас за економијата: Димитриеска-Кочоска и Азески договорија нов сет „таргетирани“ мерки за фирмите

    Спас за економијата: Димитриеска-Кочоска и Азески договорија нов сет „таргетирани“ мерки за фирмите

    31.03.2026 во 16:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Неизвесностите од глобалното окружување и нивното негативно влијание врз македонската економија, тековните економски показатели и можните мерки коишто во иднина ќе треба да се преземат од страна на Владата, а се во интерес на приватниот сектор и одржување на економската активности,  беа теми на состанокот на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и членови на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија

    „Ова е време на неизвесност и во такви услови сите засегнати страни треба да се обединат и да дадат свој придонес во надминување на состојбата. Владата во изминатиот период даде сериозна поддршка преку обезбедување средства за инвестиции по поволни услови, како и преку транспаретната и успешна постапка за  поврат на солидарниот данок кон компаниите. Оваа Влада останува посветена во поддршката на бизнис секторот“, рече министерката и додаде дека мора да разговараме отворено за сите предизвици за да можеме да си помогнеме.

    На состанокот беше оценето дека Владата има конструктивен однос со бизнис секторот и дека мерките што досега се преземени во однос на актуелната криза се навремени и дека во наредниот период зависно од развојот на состојбата треба да се донесат таргетирани мерки.

    „Соработката со Владата ни е на високо ниво.  Изнесените ставови се заеднички проблеми на сите, а решение ќе изнајдеме ако сите партиципираме во нивното решавање. Стопанската комора ќе даде максимален придонес во надминување на состојбата и јавноста ќе ја увериме дека заеднички работиме во интерес на сите со цел да ја одржиме економијата и  за да ги надминеме овие непредвидени ситуации“, рече Азески.

    Како еден од најважните заклучоци на средбата беше дека Стопанската комора до Министерството за финансии ќе достави предлог сет на таргетирани мерки коишто произлегуваат од потребите на реалниот сектор, а ќе бидат исклучиво во насока на надминување на предизвиците од глобалните случувања.

    Прочитај повеќе

    Top Employers Institute: Групацијата BALFIN се здоби со сертификатот Top Employer 2026

    07.07.2026 во 12:22

    Муцунски во Катар: Разговори за директна линија Скопје–Доха и нови инвестиции

    07.07.2026 во 11:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.