Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси
    • Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година
    • Македонското обвинителство ја зајакнува соработката со Словенечката развојна академија: Акцент на финансиски истраги и ЕУ-реформи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Општина Центар објави повик: Предучилишен музички настан – детски фестивал „Детелинка“

    Општина Центар објави повик: Предучилишен музички настан – детски фестивал „Детелинка“

    31.03.2026 во 10:342 Mins Read
    Општина Центар
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Центар објави Јавен повик за организација на предучилишен музички настан – детски фестивал „Детелинка“, соопштија утрово од локалната самоуправа.

    Станува збор за прв ваков фестивал, кој има за цел да го развива интересот и љубовта кон музиката кај најмладите, да ги открие новите таленти и афинитети на децата, како и да ја промовира креативноста на воспитниот и стручниот кадар во градинките. Настанот ќе се одвива преку јавна презентација на оригинални детски песни, создадени од вработените во предучилишните установи, посочи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

    Од локалната самоуправа објаснија дека избраниот организатор ќе биде задолжен за целосна реализација на фестивалот. Тоа вклучува изработка на јасно дефинирана агенда и сценарио, програма со оригинални песни на децата, музичка и сценска поддршка за нивната изведба, ангажман на водител со искуство во детски и културни настани, логистика за учесниците, придружни активности за најмладите, како и подготовка на промотивни материјали за јавна видливост на настанот.

    Фестивалот е закажан за 18 мај 2026 година и ќе се одржи во „Паркот на франкофонијата“. Рокот за поднесување на пријавите е пет дена од објавувањето на јавниот повик на веб-страницата на Општина Центар.

    Повеќе информации за фестивалот и начинот на пријавување се достапни на официјалната веб-страница на Општина Центар.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси

    18.09.2026 во 21:33

    Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година

    18.09.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.