Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вадете ги чадорите: Утре ќе врне
    • 20-годишник прегази пешак кај Мирковци
    • 35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца
    • Истекол плин на бензинска на патот Охрид-Струга: Дефект имал вентилот
    • Запалил трева – вивнал силен пожар: 60-годишник ќе одговара за предизвикување општа опасност
    • Давчевски до ВМРО-ДПМНЕ: Го блокиравте БРТ за сега Орце да го фали проектот – лицемерни сте
    • 28-годишник претепал свој сограѓанин, го удирал и со метален предмет – заврши во полиција
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба, откако со Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Радовишанец падна во рацете на полициски пресретнувач: Со „мерцедес“ прелетал со 178 км/ч на патот Штип – Радовиш

    Радовишанец падна во рацете на полициски пресретнувач: Со „мерцедес“ прелетал со 178 км/ч на патот Штип – Радовиш

    30.03.2026 во 09:281 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мобилната единица при МВР со полициски пресретнувач санкционираше возач кој управувал возило со брзина од 178 км на час надвор од населено место

    Вчера (29.03.2026) во 18:55 часот на експресен пат Штип – Радовиш, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило – пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило ,,мерцедес” со скопски регистарски ознаки од 178 километри на час надвор од населено место каде што максималната дозволена брзина е 110 километри на час.

    Против возачот П.К.(33) од Радовиш се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санција.

    Сообраќајните контроли со специјалните возила – пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на цела држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот.

    Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по имотот, здравјето и животот.

    Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

    Прочитај повеќе

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19

    35 годишник ќе одговара кривично – пред хотел натепал две деца

    19.09.2026 во 13:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.