Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЈО: Во судница ќе има јавен обвинител подготвен да не застапува за Пулс

    ЈО: Во судница ќе има јавен обвинител подготвен да не застапува за Пулс

    29.03.2026 во 10:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По последните одлуки на Советот на јавни обвинители за избор на обвинители во ОЈОГОКК, Јавното обвинителство веќе ги презеде сите потребни чекори за да овозможи ефикасност и непречено водење на сите тековни постапки. Ниту еден започнат процес нема да трпи неоправдано одолговлекување или усложнување, а во судница ќе има јавен обвинител подготвен да го застапува обвинението.

    Јавното обвинителство е единствен орган и евентуална промена на јавен обвинител во текот на водењето на предметите, што може да се случи од најразлични причини, не се одразува врз динамиката и начинот на водење на постапките.

    Промената на обвинител судот ја нотира, а судењето продолжува онаму каде што запрело, односно нема никаква потреба за повторување на постапките.

    Затоа Јавното обвинителство апелира на внимателно и одговорно јавно коментирање и информирање на јавноста, особено за предметите поврзани со кочанската трагедија, бидејќи сите јавно изнесени шпекулации и невистини за тоа како промената на јавен обвинител би можела да се одрази врз постапките кои се во тек, длабоко ги вознемируваат семејствата на жртвите, но и целокупната јавност.

    Воедно, упатуваме повик до Здружението на новинари и до другите професионални организации да апелираат и да го гарантираат почитувањето на етичките стандарди за известување и воздржаност при јавно коментирање на вакви трагедии за да не се дозволи неосновано зголемување на болката и страдањата, односно нова виктимизација на најпогодените од овој трагичен настан.

    Апелираме и до сите останати повикани јавно одговорни чинители да придонесат за ефикасност на постапките, но и за одмереност во јавните настапи и коментари каква што налага сериозноста на последиците и колективната траума предизвикана од пожарот во “Пулс”. Имајќи ја предвид сериозноста на овој настан, сите јавни личности кои имаат општествено влијание треба да внимаваат да не предизвикуваат неоснован немир во јавноста преку изјави, објави на социјални мрежи или која било друга форма на јавно изразување која би била вознемирувачка.

    Како држава, на повредените и на семејствата на жртвите, но и на сите граѓани, им должиме законита и достоинствена судска постапка која ќе ги даде одговорите и очекуваната правда. Јавното обвинителство презема се што е во негова надлежност за тоа да го испорача, без непотребни одолговлекувања и усложнувања.

    Прочитај повеќе

    Млада скопјанка пронајдена почината во стан во Аеродром

    07.07.2026 во 14:01

    Велешанка го избодела вонбрачниот партнер

    07.07.2026 во 12:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.