Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени: Нафтата поевтина но дизелот ќе биде поскап

    21.09.2026 во 10:57

    Регулаторна одлучи: Од полноќ големо поскапување на дизелот

    21.09.2026 во 15:10

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: Во центарот на акцијата против криминалната група се суплементи за потенција
    • Мицкоски од Њујорк: Со САД градиме партнерство засновано на доверба, почит и конкретни резултати
    • Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
    • Портокалово предупредување за Халкидики: Силни бури, чести молњи и можен град од рано во вторник
    • Приведен 71-годишник: Се заканувал и ја навредувал неговата 63-годишна сопруга
    • Сопругата на починатиот Игор Југ: Нема да престанеме да бараме правда, оваа голгота удри печат на многу семејства
    • Премиерот Мицкоски оствари средба со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау
    • 21 септември – светски ден на Алцхајмеровата болест
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бран семејно насилство во Македонија: Синови тепаат татковци, ќерки напаѓаат мајки, партнери фрлаат остри предмети

    Бран семејно насилство во Македонија: Синови тепаат татковци, ќерки напаѓаат мајки, партнери фрлаат остри предмети

    26.03.2026 во 15:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 26.03.2026 во 00:15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.П.(38) затоа што физички ја нападнал неговата 53-годишна партнерка. Според пријавеното, таа и претходно била психички и физички малтретирана од него.

    На 25.03.2026 во 23:10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ц.М.(26) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:00 часот во домот физички го нападнал неговиот 66-годишен татко и кршел дел од покуќнината. Според пријавеното, тој и претходно бил психички вознемируван од синот.

    На 25.03.2026 во 18:50 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Д.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 37-годишна партнерка и фрлил остар предмет кон неа, но не ја погодил.

    На 25.03.2026 во 23:30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода 44-годишната А.Ј. од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнала нејзината 67-годишна мајка.

    На 25.03.2026 во 21:45 часот, полициски службеници од ОВР Неготино извршиле службен разговор со 60-годишен неготинец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот се заканувал на неговата 59-годишна сопруга. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино.

    Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Прочитај повеќе

    Приведен 71-годишник: Се заканувал и ја навредувал неговата 63-годишна сопруга

    21.09.2026 во 19:46

    Уште едно лице почина од западнонилска треска во Македонија

    21.09.2026 во 18:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.