Close Menu
Press24
    Најново

    Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција

    26.03.2026 во 10:58

    Трагедија го потресе светот: Најмалку 24 загинати откако автобус излета во реката Падма

    26.03.2026 во 10:54

    Гаши: Тројцата пратеници на Села ќе бидат регистрирани под ново име штом го достават до Собранието

    26.03.2026 во 10:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција
    • Трагедија го потресе светот: Најмалку 24 загинати откако автобус излета во реката Падма
    • Гаши: Тројцата пратеници на Села ќе бидат регистрирани под ново име штом го достават до Собранието
    • Гаши: Органите на ВЛЕН ќе одлучуваат за позициите на Фетаи и Лимани по финализирање на партијата
    • Гаши: Катната гаража кај Собранието готова до крајот на годината, повлечен еден член за Судски совет
    • Гаши против „ад-хок“ отворање на Уставот: Потребна е поширока општествена дебата
    • Гаши: Собранието експресно ги носи реформските закони, се чека на капацитетите на министерствата
    • Драматично утро во Црното Море: Турски танкер нападнат со дронови во близина на Босфорот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција

    Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција

    26.03.2026 во 10:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    „Довербата во денарот и натаму е стабилна, без значителни промени во однесувањето на депонентите“, истакна гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија.

    „По краткотрајни реакции карактеристични за секоја неизвесност, состојбата брзо се стабилизира. Нема намалување на депозитите, напротив, тие бележат раст, што е јасен показател за довербата на граѓаните во банкарскиот систем“, посочи гувернерот.

    Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитал и ликвидност. Адекватноста на капиталот изнесува околу 19%, обезбедувајќи значителен заштитен слој во услови на неизвесност.

    Осврнувајќи се на инфлацијата, гувернерот истакна дека тековните случувања во светот носат одредени ризици, пред сè преку цените на енергентите и нарушувањата во светските синџири на снабдување. Сепак, Народната банка внимателно ги следи состојбите и е подготвена да реагира со сите расположливи инструменти.

    Како дополнителен столб на стабилноста беа посочени девизните резерви, коишто на крајот на февруари изнесуваа над 5,5 милијарди евра, што е значително повисоко ниво од 70% во однос на периодот пред пандемијата, обезбедувајќи сигурна поддршка за стабилноста на девизниот курс.

    Во однос на изборот на вицегувернери, гувернерот истакна дека постапката се одвива согласно законските процедури. Предложени се двајца високо искусни професионалци од Народната банка – госпоѓата Ана Митреска, досегашен вицегувернер со искуство во монетарна политика и истражување, и господинот Игор Величковски, експерт за платни системи и интеграција во регионални и европски платежни структури. Овие предлози обезбедуваат континуитет во работењето и дополнителна стабилност на институцијата.

    Популарно

    Гувернерот Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција

    26.03.2026 во 10:58

    Трагедија го потресе светот: Најмалку 24 загинати откако автобус излета во реката Падма

    26.03.2026 во 10:54

    Гаши: Тројцата пратеници на Села ќе бидат регистрирани под ново име штом го достават до Собранието

    26.03.2026 во 10:48

    Гаши: Органите на ВЛЕН ќе одлучуваат за позициите на Фетаи и Лимани по финализирање на партијата

    26.03.2026 во 10:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.