Голем сообраќаен метеж се создаде попладнево на влезот на главниот град, пред Автокоманда.
Според првичните информации од терен, се случила тешка сообраќајна несреќа која го парализираше сообраќајот.
Во моментов нема официјални потврди за повредени лица или жртви, но материјалната штета е видлива. Поради несреќата, колоната возила е долга неколку километри.



