Close Menu
Press24
    Најново

    Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности

    10.06.2026 во 23:43

    Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани

    10.06.2026 во 23:30

    На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани

    10.06.2026 во 23:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
    • Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
    • На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
    • ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
    • ВИДЕО од големиот пожар во Штип
    • Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
    • Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
    • Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бесплатни ехо-прегледи на дојки за девојки и жени од Карпош

    Бесплатни ехо-прегледи на дојки за девојки и жени од Карпош

    25.03.2026 во 11:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во насока на подобрување на женското здравје, Општина Карпош во соработка со ординацијата по гинекологија и акушерство ПЗУ „Св. Алексеј“ – Скопје, од следната среда организира бесплатни ехографски прегледи на дојки за жени до 45-годишна возраст.

    Како што информираат од прес-службата на Општина Карпош, станува збор за проект кој финансиски го поддржува локалната самоуправа и се реализира преку Програмата за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2026 година. Со оваа проектна активност, како што се наведува во соопштението, општината има за цел да ја подигне свеста за женското здравје, преку бесплатни превентивни прегледи кои ќе се одржуваат во ПЗУ „Св. Алексеј“, која функционира во рамки на ЈЗУ Поликлиника Букурешт (Карпош 3).

    Заинтересираните карпошанки можат да го закажат бесплатниот медицински преглед и да добијат повеќе информации, почнувајќи од денеска на телефонскиот број 071 243 400.

    -На пациентките кои ќе направат бесплатен ехографски преглед на дојка, ПЗУ „Св. Алексеј“ ќе им понуди и 15 отсто попуст за комплетен гинеколошки преглед. Инаку, Проектот се фокусира на едукација на женската популација за здравјето на дојките, промоција и рано откривање на болести како што е ракот на дојка. На овој начин се зајакнува заедницата преку стручна едукација, при што се поттикнува и акција за преземање на здравствени мерки и се актуелизираат дискусиите за свесноста на женското здравје, посочуваат од Општина Карпош.

    Прочитај повеќе

    Скопската вода е безбедна за пиење

    10.06.2026 во 18:28

    (ФОТО) Нова зелена оаза во Скопје: Бутел добива мега парк на 8.000 метри квадратни

    10.06.2026 во 13:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.