Close Menu
Press24
    Најново

    Тепани мајки, сопруги и деца – полицијата уапси петмина насилници

    24.03.2026 во 14:00

    Скандал во Свети Николе: Точеле алкохол на малолетници, па ги бришеле снимките од камерите за да се сокријат

    24.03.2026 во 13:57

    Историски подвиг во македонското здравство: Извршени 16 трансплантации на рожница со американски експерти

    24.03.2026 во 13:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тепани мајки, сопруги и деца – полицијата уапси петмина насилници
    • Скандал во Свети Николе: Точеле алкохол на малолетници, па ги бришеле снимките од камерите за да се сокријат
    • Историски подвиг во македонското здравство: Извршени 16 трансплантации на рожница со американски експерти
    • Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки
    • Блокирале пат, се заканувале на полицајци и го навредувале министерот – четворица битолчани заработиле кривични
    • Крвава ноќ во Скопје: Млад скопјанец итно пренесен во „8-ми Септември“ со рани од нож
    • Мицкоски: ЕСМ не само што ги задоволува потребите, туку и продава струја во ноќните часови
    • Приведен 33-годишник од демирхисарско: Полицијата дома му пронајде пушки и муниција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тепани мајки, сопруги и деца – полицијата уапси петмина насилници

    Тепани мајки, сопруги и деца – полицијата уапси петмина насилници

    24.03.2026 во 14:003 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Пет лица лишени од слобода, а со едно извршен службен разговор за семејно насилство, од вкупно 10 пријави во Скопје, Охрид, Куманово и Битола во последното деноноќие

    На 23.03.2026 во 16:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.П.(54) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 76-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет.

    На 23.03.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со А.Т.(29) од Битола, со престој во охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна партнерка.

    На 23.03.2026 во 21:45 часот во СВР Битола, 24-годишна битолчанка пријави дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.А..

    На 23.03.2026 во 20:35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А (59) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 63-годишна сопруга.

    На 23.03.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.А.(38) од кумановско село затоа што физички го нападнал неговиот малолетен син.

    На 23.03.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од Скопје пријави дека околу 20:30 часот во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, на нејзината 17-годишна ќерка ѝ биле упатени закани од нејзиниот поранешен партнер В.Б.(20), а откако истата излегла од објектот ѝ покажал дека носи огнено оружје. Според пријавеното, тој и претходно ѝ се заканувал и ја присилувал да биде со него.

    На 24.03.2026 во 06:30 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена пријави дека на 23.03.2026 околу 23:00 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзината ќерка А.М.К.(21) од Скопје, која претходно агресивно се однесувала и растурила дел од покуќнината.

    На 23.03.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријави дека на 21.03.2026 околу 18:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг И.К.(42) од Скопје, кој ѝ го одзел мобилниот телефон.

    На 23.03.2026 во 21:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Б.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14:40 часот во домот се заканувал на неговата 66-годишна мајка, откако не му го дала мобилниот телефон. Според пријавеното, тој и претходно се заканувал на неговата мајка, а ѝ оштетил и неколку телефони.

    На 23.03.2026 во 17:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.М.(51) од Скопје затоа што на 22.03.2026 во домот во скопско упатил закани на неговата 47-годишна сопруга и нејзините родители. Според пријавеното, тој и претходно ѝ се заканувал на сопругата.

    Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Популарно

    Тепани мајки, сопруги и деца – полицијата уапси петмина насилници

    24.03.2026 во 14:00

    Скандал во Свети Николе: Точеле алкохол на малолетници, па ги бришеле снимките од камерите за да се сокријат

    24.03.2026 во 13:57

    Историски подвиг во македонското здравство: Извршени 16 трансплантации на рожница со американски експерти

    24.03.2026 во 13:46

    Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки

    24.03.2026 во 13:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.