СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа“ и „поттикнување“.
На 03.02.2026 на пат во близина на Битола и во Битола, пријавените организирале ненајавен собир, каде со поголема група на граѓани го блокирале сообраќајот и упатувале закани кон припадници на Министерството за внатрешни работи.
Истиот ден во домот на четвртопријавениот во Битола, третопријавениот упатувал навреди кон министерот за внатрешни работи, при што четвртопријавениот го снимал со мобилен телефон.
- Сирски: Од почетокот на годината погодивме околу 700 цели во Русија
- Жена пријавила дека ѝ бил ограбен сефот во банка кој го имала закупено – недостасувале пари и часовник
- Млада скопјанка нападната од жена во Кисела Вода
- Скопјанец ги натепал татко си и сестра си – искршил и дел од покуќнината
- Објавени нови 40 фајлови за НЛО, познато е што содржат
- Жена ќе одговара за „насилство врз дете“
- Андоновски: Дијаспората треба електронски да гласа
- Украинскиот министер за спорт со жесток напад до МОК: Дојдете да видите како се тренира под руски бомби

