Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Божиновска: Цените на горивата остануваат стабилни – обезбеден дополнителен попуст за дизел

    24.03.2026 во 11:55

    ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април

    24.03.2026 во 11:35

    (ВИДЕО) Снимка која расплака многумина: Седум кучиња избегале од трговци со месо и пешачеле 17 километри за да се вратат дома

    24.03.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Божиновска: Цените на горивата остануваат стабилни – обезбеден дополнителен попуст за дизел
    • ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април
    • (ВИДЕО) Снимка која расплака многумина: Седум кучиња избегале од трговци со месо и пешачеле 17 километри за да се вратат дома
    • Полицијата влезе во Струга, Кичево и Охрид, уапсени 4 лица – Малолетник фатен со оружје
    • Македонија пред туристички бум: Љутков во Анкара договори турски инвестиции во нашата инфраструктура
    • ДУИ: Дали Владата работи во интерес на народот или неколку привилегирани компании?
    • Народна Банка ја задржа основната каматна стапка на ниво од 4%
    • Најскапиот стан во Македонија продаден за 166.500€ – Куќа за 1.500.000€
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Божиновска: Цените на горивата остануваат стабилни – обезбеден дополнителен попуст за дизел

    (ВИДЕО) Божиновска: Цените на горивата остануваат стабилни – обезбеден дополнителен попуст за дизел

    24.03.2026 во 11:552 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека преземените мерки од страна на Владата, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати – цените на горивата се стабилизирани, а ценовниот притисок е значително ублажен.

    Во таа насока, ОКТА ја продолжува иницијативата за попусти на горивата и по првично предвидениот рок на крајот на март, при што мерката ќе трае до 6 април. Како дел од ова продолжување, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари по литар, обезбедувајќи дополнителна поддршка за потрошувачите и придонесувајќи кон стабилизација на пазарот.

    Овој чекор доаѓа како резултат на континуираната комуникација и координација помеѓу Министерството и компаниите, со јасна цел – дел од олеснувањата да се пренесат директно кон граѓаните и стопанството. Ова претставува потврда дека активната улога на државата дава резултати и дека преку партнерство со компаниите може да се обезбедат конкретни придобивки за граѓаните и стопанството.

    Истовремено, клучна улога во стабилизирањето на цените има и владината мерка за намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10%, која обезбеди директно намалување на цените за 6 до 7 денари по литар и спречи дополнителен ценовен шок.

    Со оваа комбинирана интервенција:
    – спречен е значителен раст на цените на горивата
    -обезбедена е стабилност на пазарот
    -заштитен е животниот стандард на граѓаните
    -намален е притисокот врз транспортот и економијата

    „ Спречивме ценовен шок, ја стабилизиравме цената и обезбедивме конкретно намалување
    за граѓаните“, истакна министерката Сања Божиновска.

    Министерството нагласува дека одговорноста во вакви услови е заедничка и дека позитивниот пример со зголемениот попуст за дизел треба да биде следен и од останатите учесници на пазарот, со цел бенефитите целосно да се рефлектираат во малопродажните цени.

    Паралелно, снабдувањето со горива се одвива непречено, државните резерви се стабилни, а сите надлежни институции се во постојана координација и вршат засилени контроли на пазарот.

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува целосно посветено на следење на состојбите и, доколку е потребно, подготвено е да реагира со дополнителни мерки, со единствен приоритет – стабилен пазар и заштита на граѓаните и економијата.

    Популарно

    (ВИДЕО) Божиновска: Цените на горивата остануваат стабилни – обезбеден дополнителен попуст за дизел

    24.03.2026 во 11:55

    ОКТА го зголемува попустот за дизел на 3 денари по литар и ја продолжува мерката до 6 април

    24.03.2026 во 11:35

    (ВИДЕО) Снимка која расплака многумина: Седум кучиња избегале од трговци со месо и пешачеле 17 километри за да се вратат дома

    24.03.2026 во 11:21

    Полицијата влезе во Струга, Кичево и Охрид, уапсени 4 лица – Малолетник фатен со оружје

    24.03.2026 во 11:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.