Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Одлука на Врховниот суд: Укината пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на повторно одлучување во Апелација
    • Трагедија на Филипините: Најмалку шест ученици убиени, а 17 повредени во пукотница во средно училиште
    • (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран
    • Вучиќ се сретна со Зеленски
    • Запреле „Мерцедес“ на автопат, а внатре пронашле 20 килограми дрога – Филмско апсење во Ниш
    • Апсење на скопскиот аеродром – скопјснец со муниција во рачниот багаж се обидел да излезе од државата
    • Нелегален ископ на песок во струмичко: Затекнати работници и возила без соодветна документација во река во Доброшинци
    • Полициска акција во Охрид: Дрога, лишувања од слобода и затекнат малолетник во дом во кој се вршела препродажба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Комунална хигиена-Скопје работи со полна пареа – Отстранети диви депонии на Пластичарска и во Старата Чаршија

    Комунална хигиена-Скопје работи со полна пареа – Отстранети диви депонии на Пластичарска и во Старата Чаршија

    24.03.2026 во 10:281 Min Read
    ЈП Комунална хигиена-Скопје
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје отстранија две обемни диви депонии, лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) и во Старата скопска чаршија, соопштуваат од јавното претпријатие.

    Локацијата на булеварот Никола Карев, на пресекот со улицата Максут Садик, веднаш до детското игралиште, претставува „црна точка“ каде континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. Во текот на последните активности на оваа локација, екипите отстранија приближно 25 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и кабаст отпад, по што беше извршено машинско миење на просторот со употреба на автоцистерна.

    Втората интервенција беше реализирана во Старата скопска чаршија, каде што беа подигнати 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, градинарски и кабаст отпад во непосредна близина на културно-историскиот локалитет Куршумли ан, кој претставува културно наследство од особено значење за државата. Само во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје подигнале и транспортирале 575 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на градот.

    Од јавното претпријатие потсетуваат дека секое одлагање отпад надвор од наменски поставените садови претставува кршење на Законот за јавна чистота и директно ја загрозува животната средина и јавното здравје.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје

    18.09.2026 во 12:42

    Во понеделник вонредна дератизација во скопски Центар по наездата на стаорци

    18.09.2026 во 12:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.