Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Се намалува ДДВ-то на горивата, имаме конкретни мерки за подобар живот

    ВМРО-ДПМНЕ: Се намалува ДДВ-то на горивата, имаме конкретни мерки за подобар живот

    23.03.2026 во 09:262 Mins Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните. Намалувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за горивата и ослободувањето на количини мазут од државните резерви се мерки со кои Владата ќе го спречи понатамошното зголемување на цените на производите и електричната енергија, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

    Една од клучните мерки е намалувањето на ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, со што директно се влијае на стабилизирање на цените.

    Со оваа мерка се очекува цената на бензините да остане речиси непроменета, додека дизелот да поскапи за околу 3 до 3,5 денари по литар, наместо за повеќе од 10 денари. И покрај зголемувањето Македонија има убедливо најниски цени во регионот на горивата.

    Овие мерки носат конкретни заштеди за граѓаните, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден, или некаде околу милион и пол илјади евра седмично, земајќи ја предвид просечната потрошувачка на гориво. Со оглед на тоа дека просечната потрошувачка е некаде околу милион и шестотини илјади литри од коишто милион и двеста литри се дизел гориво, отприлика 75% а останатите четиристотини илјади литри се бензин 95 и 98 октански.

    Намалувањето на даноците значи веднаш пониски цени на горивата. Тоа е најбрзиот начин да се ублажи ударот и да се спречи ширење на поскапувањата низ целата економија и да се заштеди паричникот на граѓаните.

    Електроенергетскиот систем во државата функционира стабилно со активни производствени капацитети. Во функција се блоковите 1 и 3 во РЕК Битола, додека на депониите има околу 80.000 тони јаглен во Битола и дополнителни 160.000 тони во Кичево. Акумулациите во хидросистемот се на околу 40 проценти исполнетост, што, би било доволно за производство на електрична енергија за околу еден месец и во услови ако останатите извори запрат.

    Бидејќи предизвик е цената на мазутот, се размислува веќе на следната седница да се донесе одлука за интервенција со околу 2.000 тони мазут од државните резерви, со цел да се намалат трошоците на ЕСМ и да се спречи евентуално поскапување на електричната енергија.

    Со овие мерки се прекинува синџирот на поскапување. Превентивно се делува за да се спречат економските притисоци и се штитат цените на храната, транспортот и услугите.

    Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Во Македонија веќе не се живее – ни 1.500 евра месечно не се доволно

    20.09.2026 во 13:32

    Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

    20.09.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.