Вчера околу 21:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол се обидело да го одземе дневниот промет, но откако не успеало во намерата, физички го нападнало сопственикот на објектот З.В.(61).
Во 21:48 часот е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол кон вработената, одзело пари од дневниот промет, а во 22:25 часот дека во казино на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол кон вработената се обидело да го одземе прометот, но не успеало во намерата, по што се дало во бегство.
СВР Скопје презема мерки за расчистување на случаите и пронаоѓање на сторителот.
- Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
- САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
- И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
- ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
- СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
- СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
- 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
- Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки

