Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе спиеме еден час помалку – не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот

    21.03.2026 во 13:49

    Трагедија ја потресе Македонија : Починато 18-годишно момче од Скопје однесено во гостиварската болница

    21.03.2026 во 13:30

    Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

    21.03.2026 во 13:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќе спиеме еден час помалку – не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот
    • Трагедија ја потресе Македонија : Починато 18-годишно момче од Скопје однесено во гостиварската болница
    • Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија
    • Хаос во Багдад: Дрон удри во седиштето на разузнавачката служба, загина висок офицер
    • Дизелот поевтинува за 50% – Црна Гора ги намалува акцизите на горивата
    • Паднаа двајца дилери: Уапсени двајца сограѓани
    • УХМР со најнова прогноза: Подгответе се за нов влажен бран и пад на температурите
    • Дневен хороскоп: Сонцето влегува во Овен – започнува бурен период на нови почетоци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Златко Кузманов: Ако Иранците не се кренат против режимот, Трамп ќе мора да бара излезни решенија

    Златко Кузманов: Ако Иранците не се кренат против режимот, Трамп ќе мора да бара излезни решенија

    21.03.2026 во 10:4713 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    САД и Израел се наполовина од втората фаза во воената интервенција во Иран, проценува
    Златко Кузманов, доктор по безбедносни науки, Претседател на Здружението центар за
    интегрирана безбедност, кој во интервју за Прес 24 вели дека може да изводи четири фази од
    сценариото за војната во Иран.

    Веројатно е изненадувачки за САД и Израел, што во оваа фаза од војната не се манифестира
    масовно незадоволство кај иранското население, односно дека владеачкиот режим во Иран, се
    уште со цврста рака и со репресивни мерки ја држи под контрола, ситуацијата во нивните градови и покраини. Исто така, резевираното држење на поедени курдски и други антиирански/антирежимски вооружени фракции и групи, веројатно се препишува на стратегијата на САД (и Израел), за можно нивно активирање, по формалното отпочнување на погоре наведената трета фаза од војната, вели Златко Кузманов во интервјуто за Прес 24.

    Кузманов потенцира дека во оваа војна најмногу погодени се вистинските информации, како ретко кога јавниот медиумски простор е преполн со информации и со голем број на невистини,
    лажни вести, дезинформации и вести кои треба да наликуваат на вистинити, а не се.

    -Следен проблем е што работите се менуват бро, секојдневно и непредвидливо, за што допринесуваат и политичарите, понекогаш свесно и плански, а понекогаш непромислено.
    Обичниот човек, како примател на информациите, се наоѓа во многу незавидна ситауција да биде атакуван со безброј непроверени информации, кои влијаат врз формирањето на неговите ставови за актуелните случувања. Во целиот тој информациски хаос, важна е одговорноста на медиумите, што и како ќе пласираат во јавноста и на поупатените експерти, кои треба објективно и непристрасно ги анализираат случувањата, вели Кузманов во интервјуто.

    ПРЕС 24: Многумина проценуваа дека интервенцијата на САД и Израел врз Иран ќе трае помалку од една недела. Но состојбата на терен покажува нешто сосема поинакво. Во кој правец според Вас ќе се движи војната?

    КУЗМАНОВ: САД и Израел влегоа заедно во војната против Иран. Постојат многу шпекулации,
    дека всушност Израел, ги „убедил“ САД да влезат во оваа војна против Иран. Како и да е, нивните
    воени и политички цели кои сакаат да ги постигнат се поклопуваат, со напомена дека САД имаат и други, пошироки гео-стратешки цели во регионот, кон кои претендираат. Воените и политичките цели на САД и Израле во оваа војна се јасно познати: Уништување на нуклеарните капацитети и програма на Иран; Уништување на ракетните капацитети и Промена на власта и режимот во Иран.

    Од позиција на САД , па и Израел, ценам дека планот им е да ги остварат своите цели, преку
    следните четири фази:

    Прва фаза, е ликвидирање на иранското воено и политичко раководство и уништување на нуклеарните и ракетните капацитети, системите за ПВО (противракетните орудија и радарските системи), военото ваздухопловство и воената морнарица. Оваа фаза заврши и познати се ефектите од нејзината реализација. Ефектот од ликвидирањето на раководните воени и политички фигури беше скоро целосен, додека ефектите за уништување на главните воени капацитети се значителни, но не целосни.

    Втора фаза, е продолжување за целосно уништување на стратешката инфраструктура на Иран.
    Големите подземни воени фабрики за производство на крстаречки и балистички ракети, на
    дронови, на ракетните силоси и борбените позиции за лансирање на ракети и на селектирано
    уништување на важни енергетски и инфраструктурни капацитети, со цел да се принуди режимот
    во Иран на пораз.

    Трета фаза, е иницирање и поддршка на масовно незадоволство кај граѓаните и создавање услови за појава на големи и насилни демонстрации по градовите, со цел да се изнуди внатрешно
    рушење на режимот.

    Четврта фаза, е практична промена на режимот и воспоставување на нова проамериканска власт во Иран.

    Во овој момент, после 20 дена од почетокот на војната, гледаме дека САД и Израел, се наоѓаат на
    средина од реализацијата на втората предвидена фаза. Ефектите од воените напади се големи, но
    и одбраната на Иран и на неговите против удари кон цели во Израел, кон воените бази на САД во
    регионот и кон стратешките капацитети на Заливските држави, се изненадувачки јаки и ефектни.

    Веројатно е изненадувачки за САД и Израел, што во оваа фаза од војната не се манифестира
    масовно незадоволство кај иранското население, односно дека владеачкиот режим во Иран, се
    уште со цврста рака и со репресивни мерки ја држи под контрола, ситуацијата во нивните градови и покраини. Исто така, резевираното држење на поедени курдски и други антиирански/антирежимски вооружени фракции и групи, веројатно се препишува на стратегијата на САД (и Израел), за можно нивно активирање, по формалното отпочнување на погоре наведената трета фаза од војната.

    За остварувањето на динамиката на предвидените четири фази на САД и Израел, мораме да
    нагласиме дека претставува голем проблем одлуката и стратегијата на Иран, по секоја цена да ја
    интернационализира војната преку: Нападите со ракети и дронови по воените капацитети на САД во сите Заливски држави (С.Арабија, Кувајт, Бахреи, Катар, ОАЕ,Оман), како и во Ирак, Јордан, Сирија и Израел; Како и со одлуката, воено да го блокира поморскиот сообраќај преку Ормутскиот теснец. Преку овој морски премин се транспортира преку една петина од светската трговија на нафта и до 30% од светската трговија со плин, со што се создаде регионална и светска криза за стабилно снабдување на пазарите со нафта и гас и енормни дополнителни финансиски трошоци за обезбедување на овие стратешки енергенси. Обидите, пред се на САД, да изврши деблокада на Ормутскиот теснец, односно да се обезбеди безбедна пловидба на танкерите со нафта и плин и на останатите бродови со продукти, значително го усложни и успори остварувањето на нивната втора фаза од војната против Иран. Во моментот, главниот воен напор ќе биде околу самиот теснец. САД се обидуваат да изнудат вклучување и на други држави во војната против Иран, односно да се вклучат пред се за воена деблокада на Ормутскиот теснец. Последните инфорамции говорат дека таква одлука донеле В.Британија, Франција, Грманија, Италија Холандија и Јапонија. Генерално за текот на оваа војна, ценам дека доколку Кина и Русија не се умешаат подиректно со поддршка на Иран и со посредување кон САД за прекин на воените дејства и за барање на политичко решение за причините за војната, во тој случај е можно да бидеме сведоци на продолжување на жестоките воени напади од САД и Израел кон цели во Иран, се додека не го принудат Иран на пораз.

    ПРЕС 24: Ризикот кој се јави е голем регионален конфликт. Засега Саудиска Арабија е поставена само на предупредување. Има ли опасност од прелевање на војната?

    КУЗМАНОВ: Од претходно наведеното, можеме да констатираме дека војната на САД и Израел
    против Иран, веќе поприма какрактеристики на регионална војна! Иран дејствува по сите воени
    воени цели во Израел и по цели на САД, лоцирани во Заливските и други држави. Изведува селектирани напади со ракети и дронови по одредени важни инфраструктурни објекти во
    Заливските држави, Ирак, Јордан и Сирија, како освета за нивната одлука да бидат земји домаќини на воените бази на САД. Од друга страна, повторно се разгорува војната помеѓу силите
    на Израел и силите на Хезболах во јужен Либан.

    ПРЕС 24: Ако се анализираат сосојбите веројатно планот на Трамп и Нетањаху беше по ден два интервенција воздушна, убиството на Ајатолахот да мотивираат внатрешен бунт на Иранците и соборување на режимот. Направија ли лоша проценка, каде погрешија?

    КУЗМАНОВ: Очигледно е дека планот на САД и Израел, дека по завршувањето на првата фаза од војната ќе настане хаос и дезорганизација во режимот на Иран и на неговата организациска
    поставеност и структура, не се реализира. За тоа има повеќе причини. Ќе наведам неколку.
    -Режимот во Иран, долги години се подготвува за ваква војна против Израел и САД.
    -Иран од секој преходен воен конфликт, пред се со Израел, применувал научени лекции и уште
    повеќе ги зајакнувал воените и безбедносните капацитети.
    -Режимот во Иран изградил јаки подземни и добро фортификациски утврдени воено-
    производствени капацитети, пред се за масовно производство на разновидни ракети, дронови, за
    организирање на обалската одбрана, морски дронови и слично.
    -Иран изградил хиерархија на управување и раководење, која нема да зависи и да биде
    парализирана, во случај да биде ликвидирана било која раководна личност.
    -Поставил систем на заменливост, на децентрализација на донесување на одлуките и на
    овластувањата за делување и преземање на акции.
    -Иран воспоставил и применува репресивен полициски и безбедносен апарат, кој делува против
    било какво искажување на граѓанско незадоволство.
    -По јануарските немири и демонстрации по градовите во Иран, режимот брутално се пресмета со
    скоро сите водачи и лидери на незадоволните групи на граѓани и на самоорганизираните
    екстремни групи.

    ПРЕС 24: Состојбите што се случуваат во американската администрација укажуваат на нешто поразлично од она што Трамп го демонстрира јавно на прес-конференции. Ако се испостави за точно дека САД се заглавени во оваа војна од Израел, има ли начин како Трамп да излезе од нејзе а да не биде тоа толкувано како пораз?

    КУЗМАНОВ: Администрацијата на претседателот Трам, за сега обезбедува поддршка од Конгресот за водење на оваа војна против Иран. Според истражувањата на јавното мислење во САД, 40-60% од граѓаните не ја одобруваат ваквата воинствена политика. Веројатно, намерата и целта на администрацијата на Трамп е да овозможи што поскоро завршување на оваа војна, секако во нивна корист. Голем предизвик и проблем за Трамп е резервираноста и невклучувањето на поголем број на држави од ЕУ и од НАТО, за поддршка на воените акции на САД против Иран.

    Доколку не дојде до остварување на Третата фаза од војната, создавање на услови за појава на големи и насилни демонстрации по градовите, со цел да се изнуди рушење на режимот, тогаш, сигурно дека и претседателот Трамп ќе биде принуден да бара „прифатливи излезни решенија“.
    Во таква ситауција, ако неможете да извршите ни копнена инвазија и не делуваат антирежимски
    вооружени фракции и групи во Иран, кои би биле поддржани, тогаш би имале ситауција во која
    „Иран не се покорува, а САД неможат да дозволат да бидат понижени“! Во таква ситуација,
    можното излезно, вин-вин решение за Иран и САД (а Израел ќе мора да се помири со тоа), би
    дошло преку дипоматско инволиврање и посредување на Русија и Кина. Идејата би била, Иран да прифати да воспостави власт која ќе биде кооперативна и со САД, а да ги задржи и релациите со Русија и Кина.

    ПРЕС 24: Се чини дека како ниту една друга војна до сега, во оваа најмногу на удар е вистината. Вештачката интелегенија веројатно е сојузник и на двете страни. Како да се избегнат лажните вести?

    КУЗМАНОВ: Во војната на Русија во Украина, како никогаш до сега, започна да се применува и
    Информациската војна, како дел од Хибридното војување. Но, заради интензитетот и динамиката на оваа војна против Иран, се наметна чувството дека Информациското војување се спроведува на највисоко ниво, од сите инволвирани, па и засегнати страни. Всушност, режимот во Иран, тоа масовно го применува да го држи своето население покорно, да создава чувство за одбрана на државата и да оневозможи создавање на масовно незадоволство. Од друга страна, САД (па и Израел), со информативна кампања се обидуваат пред своите поддржувачи и граѓани, да ги објаснат и оправдаат нападите врз Иран. Јавниот медиумски простор е преполн со информации и со голем број на невистини, лажни вести, дезинформации и вести кои треба да наликуваат на вистинити, а не се. Следен проблем е што работите се менуват бро, секојдневно и непредвидливо, за што допринесуваат и политичарите, понекогаш свесно и плански, а понекогаш непромислено.
    Обичниот човек, како примател на информациите, се наоѓа во многу незавидна ситауција да биде атакуван со безброј непроверени информации, кои влијаат врз формирањето на неговите ставови за актуелните случувања. Во целиот тој информациски хаос, важна е одговорноста на медиумите, што и како ќе пласираат во јавноста и на поупатените експерти, кои треба објективно и непристрасно ги анализираат случувањата.

    ПРЕС 24: Една работа веројатно е јасна. Иран нема нуклерно оружје, бидејќи ако го имаше веројатно би посегнале по него. Но по се ова сега, кој може да гарантира дека таа програма е завршена?

    КУЗМАНОВ: Се уште не може да се грантира дека нуклеарната програма и капацитети на Иран се уништени.Тука се појавува прашањето и проблемот, со наводните 440 кг ураниум кој веќе бил
    збогатен до 60 %. За воената нуклеарна програма на Иран, суштинско е што САД, Израел и многу
    други држави, се противат и не дозволуваат да Иран стекне таква стратешка способност, што беше и еден од главните поводи за овие воени напади против Иран. Ценам дека излезното решение за оваа прашање, на крај ќе се бара во разговорите на САД и Иран, со инволвираност на Русијаи Кина.

    ПРЕС 24: Делува ли Трамп малку нервозно со заканите кон НАТО и сите кои не го поддржуваат во оваа војна?

    КУЗМАНОВ: Изјавите на претседателот Трамп, за немање на заедничка одлука од членките на НАТО Алијансата, да ги поддржат воените напади врз Иран, беа строги, недипломатски и заканувачки. Дури, последната негова изјава беше дека членките на НАТО се однесуваат „кукавички“. Секако, тука пред се мисли на водечките членки на НАТО од Европа. По првичниот шок, дело од европските членки на НАТО не ги поддржаа воените напади врз Иран, некои и ги
    осудија, а други останаа воздржани. Сега по 20 дена од војната ја имаме следната состојба. Само 6
    држави од НАТО јавно го поддржаа нападот на САД на Иран, тоа се Чешка, Канада, Литванија,
    Латвија, Албанија и Македонија. Неутрална позиција заземаа Данска, Финска и Луксембург.
    Интересна е позицијата на В.Британија, која за Трамп е најголемо разочарување. Имено
    В.Британија најпрво го осудија нападот на САД врз Иран и не дозволија да се користат нивните
    воени бази за изведување на нападни борбени дејства кон Иран, па го сменија ставот, дека ќе
    учествуваат во одбранбени активности, и како последно дека ќе учествуваат. Веќе ја споменавме
    најновата информација дека Франција, В.Британија, Италија, Холандија, Германија и Јапонија,
    потврдиле нивно воено учество за да се обезбеди безбеден премин преку Ормутскиот теснец.

    ПРЕС 24: Како таа војна ќе се рефлектира врз Европа, а како врз Кина, Русија, Индија?

    КУЗМАНОВ: Војната на САД и Израел против Иран, која поприма карактеристики и на регионална војна, веќе предизвикува значителни економски ефекти за голем број држави во светот. Секако, заради војната трпат и самите Заливиски држави-производители на овие стратешки енергенси. Степенот и последиците кои го трпат останатите држави заради блокираниот транспорт и извоз на нафта и гас, условен е од зависноста на државите и од нивото на нивните резерви. Се проценува дека повеќето држави имаат обезбедено резерви за 60 до 90 дена. Доколку оваа војна се оддолжи или не се одблокира Ормутскиот теснец, за безбедна пловидба на танкерите и бродовите, тогаш ќе се предизвика светска економска криза со енормни последици. По којзнае кој пат се потврдува правилото, дека војните се водат за остварување на политички и економски интереси, за освојување на територии и контрола на стратегиските енергенси и минерали.

    Гледаме на дело, како пред се големите сили, носат одлуки за наметнување на блокади и санкции за извоз и за трговија со стратегиски енергенси, и за експресно менување на таквите одлуки.
    Всушност и Иран се обидува на тој начин да делува, бидејќи блокадата на Ормутскиот теснец, се
    спроведува селективно. Се напаѓаат танкерите на одредени држави, на други се пропуштаат да
    поминат, а од дел од држаавите, Иран бара да исполнат одредени услови, за да им гарантира
    дека нема да ги напаѓа нивните танкери со нафта и плин. Преку оваа војна, повторно гледаме на дело дека телата и органите на ОН се немоќни да делуваат и да посредуваат за прекин на воените
    напади и за изнаоѓање на политичко решение за конфликтите и недоразбирањата.

    Популарно

    Ќе спиеме еден час помалку – не заборавајте да ги поместите стрелките на часовникот

    21.03.2026 во 13:49

    Трагедија ја потресе Македонија : Починато 18-годишно момче од Скопје однесено во гостиварската болница

    21.03.2026 во 13:30

    Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

    21.03.2026 во 13:18

    Хаос во Багдад: Дрон удри во седиштето на разузнавачката служба, загина висок офицер

    21.03.2026 во 12:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.