Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вучиќ: Грижете се во чии раце ќе биде иднината на Србија
    • Маж очекувал девојка, а се појавил маскиран напаѓач – Брутален обид за убиство во Белград
    • Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата
    • Фатална грешка со вештачка интелигенција: Инцидент со товарен брод за малку ќе предизвикаше војна меѓу САД и Кина
    • Викенд хороскоп: Ѕвездите носат неочекувани страсти и пресврти
    • Трамп ги исфрла медиумите од Белата куќа
    • Целата земја остана без струја – колапс во електроенергетската мрежа
    • Путин напиша 3+2 на состанокот, човекот на Трамп не ја сфати пораката
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » В недела избегнувајте да влегувате во возило: Посебен сообраќаен режим во Скопје поради трка

    В недела избегнувајте да влегувате во возило: Посебен сообраќаен режим во Скопје поради трка

    20.03.2026 во 11:591 Min Read
    ФОТО: МВР
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи (МВР) ги известува граѓаните, особено возачите во главниот град, дека оваа недела (22 март) ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на атлетска улична трка.

    Настанот ќе се одвива во претпладневните часови, во периодот од 07:30 до 11:30 часот, а стартно-целната позиција ќе биде лоцирана на булеварот „Јане Сандански“.

    За непречено и безбедно одвивање на трката, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе затвори и пренасочи дел од сообраќајниците. Натпреварувачите ќе се движат по следната траса:

    • Бул. „Јане Сандански“: На потегот од крстосницата со бул. „Србија“ и бул. „Видое Смилевски Бато“, сè до крстосницата со ул. „Владимир Комаров“.
    • Ул. „Васко Карангелевски“: На потегот од крстосницата со бул. „Јане Сандански“ до крстосницата со бул.„АСНОМ“.
    • Бул. „АСНОМ“: На потегот од крстосницата со бул. „Киро Глигоров“ и бул. „Србија“, заклучно до крстосницата со ул. „Васко Каранѓелевски“.

    Во овој период, сообраќајот ќе биде пренасочуван по околните алтернативни улици. Од МВР упатуваат силен апел до сите учесници во сообраќајот да имаат трпение и строго да ги почитуваат наредбите и насоките кои ќе ги издаваат полициските службеници на терен.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: Во тек е рокот за испорака на новите автобуси

    18.09.2026 во 21:33

    Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година

    18.09.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.