Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација

    13.05.2026 во 22:47

    Филипче: Кој е сега предавник?

    13.05.2026 во 22:37

    Додик: Путин ќе ја посети Република Српска

    13.05.2026 во 22:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова: Најдобрите правници не се во судството, неопходна е целосна департизација и деполитизација
    • Филипче: Кој е сега предавник?
    • Додик: Путин ќе ја посети Република Српска
    • Јаневска: Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има директор, ќе се изврши дератизација и дезинфекција
    • Политико: Трамп отиде во Кина за да побара помош за Иран
    • Прободеното дете во училиште во Ѓорче Петров е стабилно
    • Трипуновски: Потребно е расветлување на случајот со распределбата на финансиските средства, станува збор за над 800.000 евра
    • На Клиниката за хематологија нема недостиг на лекови и терапија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Разбиена шема за кражба на дрва во велешко: Кривични пријави за фирма од Бузалково и вработен во „Национални шуми“

    Разбиена шема за кражба на дрва во велешко: Кривични пријави за фирма од Бузалково и вработен во „Национални шуми“

    17.03.2026 во 17:462 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против правно лице од с.Бузалково, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“, против управителот на правното лице, Н.Ј.(51) од истото село поради постоење основи за сомнение дека сторил кривични дела ,фалсификување или уништување деловни книги“ и „кражба“, против Ј.Ј.(25) од Бузалково , возач во правното лице,поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против К.Т.(61) од село Чалошево, велешко, вработен во Ј.П. Национални шуми- Шумско стопанство „Бабуна“ – Велес поради постоење основи за сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“, фалсификување службена исправа“ и „кражба“.

    По претходно добиени оперативни сознанија за незаконска експлоатација на дрва, на 26.09.2024 полициски службеници од Отсекот за економски криминал и криминалистичката полиција при СВР Велес преземале службени дејствија и во заеднички координирана акција запреле товарно возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на правното лице, кое го управувал Ј.Ј., а кое било натоварено со дрва. Притоа, тој на увид приложил само една испратници иако бил должен да има две идентични, по една за купувачот и една за превозникот. Исто така, истиот ден било запрено и патничко возило „фиат стило“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Т. и при преглед на возилото биле пронајдени испратници на Шумско стопанство „Бабуна“ Велес и други предмети. Извршено е споредување на испратниците, при што било констатирано дека содржината не соодветствува, односно недостасува количина на дрвна маса, временски период на транспорт и регистарски ознаки за превозното средство со кое се врши транспортот.

    Пронајдена била и испратница на правното лице, преку која се испишувани сомнителни податоци, користени за дополнително допишување на вредности за количини, товарни возила, регистарски таблички, временски период, како и потпис на лица. Поради сомнение дека е правен фалсификат, Шумско стопанство „Бабуна“, Шумска полиција и СВР Велес извршиле контрола и било констатирано дека дрвата што биле пронајдени во товарното возило биле посечени и товарени од парцела различна од онаа за која правното лице имало договор за вршење на сеча, дотур и транспорт.

    За настанот бил известен јавен обвинител и по дадени насоки од јавен обвинител и по наредба на Основен суд Велес била извршена контрола во правното лице, при што Н.Ј. во својство на управител и сопственик, не ја приложил целокупната документација за работата на фирмата за 2024 година.

    Прочитај повеќе

    Маж тешко повреден при пад од висина во Кочани

    13.05.2026 во 18:34

    Хаос во Скопје: Нападнат полицаец на Бит Пазар и патрола во Кисела Вода, меѓу приведените и малолетник

    13.05.2026 во 16:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.