Вчера околу 13:40 часот во ОВР Виница е пријавено дека на патот Кочани – Виница, во атар на Виница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(59) од Штип и патничко возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П.(65) од с.Истибања, виничко.
Во несреќата, од здобиените повреди починал 65-годишниот З.П., а лекар од Итна медицинска помош, констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мазда“ Ж.П.(58) од с.Истибања, а со телесни повреди се здобиле, Ј.Т. и неговиот сопатник Г.Д.(65) од Штип, констатирани во Општата болница Кочани.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Виница.
- Муцунски во Анкара: Разговор со холандскиот шеф на дипломатијата
- ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица
- Апсење во Скопје – Полицијата изврши претрес, МВР со детали
- Судскиот Совет одлучи: Кривичниот суд доби нов претседател
- Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено
- Лазе Еленовски: Ако цената за ЕУ е „висока“, тогаш чесно е на народот да му се каже не чекајте ЕУ следните години
- Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај
- Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад

