Close Menu
Press24
    Најново

    Инцидент на кошаркарски натпревар во „Јане Сандански“: Се обидел физички да го нападне делегатот

    04.05.2026 во 13:57

    Скопјанка затекнала жена со повредено новороденче пред својот дом: Полицијата ја уапси мајката

    04.05.2026 во 13:54

    Двајца патници тешко повредени во автобус во Свети Николе

    04.05.2026 во 13:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инцидент на кошаркарски натпревар во „Јане Сандански“: Се обидел физички да го нападне делегатот
    • Скопјанка затекнала жена со повредено новороденче пред својот дом: Полицијата ја уапси мајката
    • Двајца патници тешко повредени во автобус во Свети Николе
    • „Сопругот ме силуваше“ – кумановец кривично ќе се гони
    • Кривични пријави за четири малолетнички по насилството врз девојче во Ѓорче Петров, ќе одговараат и родителите
    • Избувна голем пожар во Визбегово: Горат автомобили, противпожарните екипи на терен
    • Осум дена притвор за член од обезбедувањето на Мицкоски, ја натепал сопругата
    • Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Телефонски разговор Муцунски-Хоџа: Коридорот 8, ЕУ и безбедноста во фокусот

    Телефонски разговор Муцунски-Хоџа: Коридорот 8, ЕУ и безбедноста во фокусот

    16.03.2026 во 10:401 Min Read
    МНРиНТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Утрово Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, остварил телефонски разговор со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Ферит Хоџа. Двајцата министри го потврдиле заедничкото задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји, нагласувајќи ја подготвеноста за нивно натамошно унапредување.

    Во разговорот станало збор за европската перспектива на двете држави, како и за заедничките активности на патот кон Европската Унија. Истакната била и важноста на проектот Коридор 8, кој претставува заеднички приоритет од значење за двете земји и придонесува за унапредување на регионалната поврзаност и развој.

    Министерот Муцунски ја истакнал важноста на македонското национално малцинство во Албанија, кое претставува значаен мост на пријателство и дополнително придонесува за продлабочување на односите меѓу двете држави. Воедно, министрите разговарале и за Охридското Езеро, обврските што произлегуваат од УНЕСКО, како и за заедничката одговорност за неговата заштита и одржливо управување со регионот.

    Двајцата министри размениле мислења и за актуелните прашања од регионалната соработка, при што ја нагласиле важноста од негувањето на добрососедските односи и заедничкиот придонес на двете земји кон стабилноста и безбедноста во регионот.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Расте цената на нафтата

    04.05.2026 во 10:45

    Нови цени на горивата од полноќ

    04.05.2026 во 09:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.