Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Топлотниот бран не попушта – горештини не чекаат и во септември

    25.08.2026 во 15:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кога градите автопат вие градите иднина – да оставиме дела зад себе
    • Уште неколку дена за пријавување: Жени, направете го првиот чекор кон економска независност
    • Филипче: ВМРО и ДУИ договориле блокада на Собранието 
    • Тепачка за паркинг во Центар: Скопјанец нападнат од жена
    • Се му застари: Што му остана на Груевски за лежење а што за судење
    • Физички нападнат возач на ЈСП во Центар: Патник се обидел да влезе во автобусот додека бил во движење
    • Ковачевски може да каже што сака ние сме демократија
    • Ја силувал својата поќерка која немала ниту 15 години – прилепчанец заработи кривична
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трипуновски ја најави кампањата „Гласот кој го слушаме – македонско најдобро“: Институциите одат директно кај земјоделците

    Трипуновски ја најави кампањата „Гласот кој го слушаме – македонско најдобро“: Институциите одат директно кај земјоделците

    15.03.2026 во 11:412 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Владата стартуваат со нова теренска кампања насловена „Гласот кој го слушаме – македонско најдобро“. Министерот Цветан Трипуновски денеска информираше дека целта на оваа иницијатива е директна комуникација со земјоделците, презентација на мерките, но пред сè – слушање на нивните реални проблеми.

    Во кампањата се вклучува целиот институционален врв од земјоделскиот сектор. На терен ќе излезат Даниела Иротова од Платежната агенција, Филип Филиповски од АД Водостопанство, Васе Анакиев од Државниот инспекторат за земјоделство, Оливер Миланов од Агенцијата за храна и ветеринарство и Здравко Трајанов од ЈП Национални шуми. Министерот Трипуновски лично ќе предводи еден од тимовите.

    „На овие средби ќе се разговара за реалните предизвици со кои се соочуваат македонските земјоделци, ќе се слушнат нивните предлози и идеи, но ќе се презентираат и политиките и мерките за поддршка на македонското земјоделство. Земјоделците ја имаат суштинската улога за државата. Тие не се само производители, тие се двигатели на руралниот развој, чувари на традицијата и клучен фактор за стабилност на домашниот пазар“, истакна Трипуновски.

    Тој упати отворен повик до сите земјоделци активно да се вклучат во средбите кои ќе се организираат секоја среда, петок и сабота низ целата држава.

    „Ве повикувам сите да се вклучите и да бидете дел од оваа заедничка кампања. Да создадеме подобри услови и посигурна иднина за македонското земјоделство, бидејќи најдоброто од Македонија доаѓа токму од македонските ниви и вредните раце на нашите чесни, работливи земјоделци“, порача министерот во своето обраќање.

    Прочитај повеќе

    Нафтата паѓа неколку дена по ред – се намалува и цената на златото

    26.08.2026 во 13:37

    МЗШВ: Исплатени се над 15,3 милиони денари за органско производство на 987 земјоделци

    26.08.2026 во 12:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.