Close Menu
Press24
    Најново

    Малолетник уапсен: Закани за бомба во тетовско училиште

    14.03.2026 во 13:43

    Полиција уапси 21 возач: алкохол, без дозвола, забрана за управување

    14.03.2026 во 13:38

    Синдикатите: Минималната плата мора да расте во март

    14.03.2026 во 12:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Малолетник уапсен: Закани за бомба во тетовско училиште
    • Полиција уапси 21 возач: алкохол, без дозвола, забрана за управување
    • Синдикатите: Минималната плата мора да расте во март
    • Муцунски: Кочани покажа вистинска сила на меѓународната солидарност
    • „РЕК е алка во бизнис шема“ – СДСМ обвинува Мицкоски за корупција
    • Уапсен скопјанец со кокаин за продажба во домот на Аеродром
    • Петрушевски: СДС и ССМ се исти, денешниот протест е политичка измама
    • Трамп: Војната со Иран ќе завршам кога ќе ми се чини правилно
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ со силна поддршка за синдикалците: „Ова не е политика, туку борба за корка леб“

    СДСМ со силна поддршка за синдикалците: „Ова не е политика, туку борба за корка леб“

    14.03.2026 во 11:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) преку прес-конференција упати недвосмислена поддршка за денешниот протест на работниците и Сојузот на синдикатите. Членката на Извршниот одбор на партијата, Симона Цветановска, во своето обраќање директно им се обрати на работниците, нагласувајќи дека нивното излегување на улица е целосно оправдано.

    „Денеска вие со право сте на улиците, се борите за достоинствени плати, за достоинствен живот, за корка леб. Зад секоја плата стои нечиј труд, нечии раце, нечии соништа. Затоа е важно кога работниците ќе застанат заедно и мирно, достоинствено да го побараат она што им припаѓа“, изјави Цветановска.

    Таа упати жестоки критики кон Владата и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги за лицемерен и понижувачки однос кон работничката класа која денеска протестира.

    „Христијан Мицкоски ве изневери, ве излажа и ве понижи. Ве нарекува хистерични затоа што барате минимална плата од 600 евра, додека тој носи часовници од 150 минимални плати. Уште вели дека можеле работниците и без одмор, следно ќе каже може и без да јадат“, нагласи претставничката на СДСМ.

    Потсетувајќи на економските резултати од времето кога СДСМ ја предводеше државата, Цветановска истакна дека нивната партија и сега цврсто стои на страната на работниците, критикувајќи го неодамнешното отфрлање на нивниот предлог-закон.

    „Кога бевме власт платите постојано ги зголемувавме, минималната плата ја зголемивме од 8.000 на над 20.000 денари, а просечната од 22.000 на над 42.000 денари. И сега, кога ви е тешко, СДСМ поднесе Закон за минимална плата од 600 евра, но Владата го одби барањето“, додаде таа.

    На крајот од прес-конференцијата, од партијата порачаа дека немаат намера да го политизираат работничкото незадоволство, но ги повикаа сите свои членови да дадат масовна поддршка на денешниот марш низ скопските улици.

    „Протестот на Синдикатот не е политика – тоа е борба за достоинство, за праведна плата и за подобар живот за секое семејство. Ние нема да го злоупотребуваме вашиот протест ниту ќе го политизираме, ние не сме ВМРО. Сите членови на СДСМ кои се и членови на Синдикатот ги повикуваме да се приклучат. Ова е ваша борба. Гласот на работниците мора да се слушне“, заклучи Цветановска.

    Популарно

    Петок со сонце и пролетни температури – Од утре лош пресврт со времето

    13.03.2026 во 08:04

    Експлозии среде Техеран: Нападнат државен митинг, Иран најави сурова одмазда

    13.03.2026 во 23:01

    Пленковиќ алармира: Новото кинеско оружје на Србија е прашање со кое мора да се занимава НАТО

    13.03.2026 во 22:53

    САД подготвени за масовен удар: „Трамп ги држи сите карти во свои раце“, тврди Хегсет

    13.03.2026 во 21:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.