Close Menu
Press24
    Најново

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Починал на лице место – Тешка сообраќајна несреќа во Македонија

    24.08.2026 во 10:13

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
    • Канада воведува нови царини за американските производи
    • Не е само наталитетот: илјадници деца родени во Македонија не стигнуваат до македонските училишта
    • Италијанец ќе оди во затвор: изградил антички театар од стиропор и ги лажел туристите дека е 2000 години стар
    • Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
    • Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо
    • Дата-центри во Македонија: Дигитална шанса или нов товар за струјата и водата?
    • Стигнуваат големи пари и среќа: Овој хороскопски знак до крајот на летото го очекува големо богатство
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Македонија може да биде меѓу трите економии со најбрз раст во Европа

    Мицкоски: Македонија може да биде меѓу трите економии со најбрз раст во Европа

    13.03.2026 во 13:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на растот на БДП оваа и минатата година, изјави:

    „Изминатата година 2025, како македонска економија забележавме раст на Бруто домашниот производ којшто нè сместува во првите пет во Европа. И сега повторно ќе кажам, од страна на ботовите на опозицијата ќе бидам можеби исмејуван по социјалните медиуми, но тоа се бројки и факти коишто ги објавува Евростат. Минатата година 2024, поради добрата втора половина, бевме во првите десет, оваа година сме во првите пет. А за оваа 2026 година, ако оди вака како што почна годината, не би се изненадил да бидеме и во првите три. Што значи тоа, тоа значи дека конечно ќе почне полека, но сигурно да се чувствува и кај граѓаните, односно ќе се зголемува стандардот и куповната моќ.

    Јас можам да кажам дека економијата е она коешто претставува наш најголем приоритет. Имаме историско највисока реализација во првите два месеци на капитални инвестиции, од она што е предвидено имаме 25% реализација. Околу над 10 милијарди, зборувам од централниот буџет, ако на тоа се додадат и инвестициите коишто се во јавните претпријатија. Еве тука е и потпретседателот на Влада и министер за транспорт, да речеме инвестициите на ЈПДП, Јавното претпријатие за државни патишта, не влегува во оваа бројка. Тоа се дополнителни инвестиции. Останатите јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на државата што инвестираат, не влегуваат во оваа бројка. Значи ова е само од централниот буџет, над 10 милијарди денари.

    Ако вака продолжиме, а приходите во буџетот се исто така на едно, би рекол неочекувано високо ниво во првите два, два и пол месеци еве скоро, очекувам оваа година и не би се изненадил да бидеме во првите три економии.“

    Прочитај повеќе

    Македонија со најевтино гориво – Албанија со најскапо

    25.08.2026 во 22:26

    OnlyFans има само 47 вработени – лани направиле над 700 милиони долари профит

    25.08.2026 во 20:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.