Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
    • Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
    • Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
    • Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
    • Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
    • Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
    • Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
    • Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пет сведоци ќе раскажат за хоророт – Во „Идризово“ судење за трагедијата во Кочани

    Пет сведоци ќе раскажат за хоророт – Во „Идризово“ судење за трагедијата во Кочани

    12.03.2026 во 08:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со сослушување на сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

    Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевски и се наоѓа во фаза на доказна постапка. На денешното рочиште, според најавите, треба да бидат сослушани пет сведоци.

    На претходното рочиште пред Судот сведочеа повеќе лица. Меѓу нив беше и Горан Игновски, кој повеќе од 34 години се занимава со продажба и сервис на опрема за настани, како што се озвучување, осветлување и сценски ефекти. Тој изјави дека околу година и пол пред трагичниот настан им продал опрема – бокс за далечинска активација и прскалки – на Панчо и на член од групата ДНК.

    Сведочеше и вработена во сметководствено биро кое соработувало со Агенцијата за обезбедување „Рубикон“, која посочи дека никогаш не сретнала материјален доказ за деловна соработка меѓу дискотеката „Пулс“ и „Рубикон“.

    Дополнително, вработена во подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување во Кочани изјави дека во врска со дискотеката „Пулс“ не добиле никаква документација и дека подрачното одделение во Кочани нема инспектор за заштита и спасување.

    Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и се смета за една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци предложени од Обвинителството, кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.

    Top News
    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.