Одбележување на најдобрите во електронската трговија – македонскиот бизнис има огромен потенцијал за раст ако вложи во своја дигитализација. Вечерва имав чест да се обратам на , “e-commercе Awards” на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, на кој се доделуваат награди за најуспешни интернет бизниси за 2025 година во Македонија, информира министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Дигиталната трансформација и развојот на дигиталната економија се меѓу клучните приоритети на Владата и на Министерството за дигитална трансформација. Таа трансформација денес повеќе не е прашање на избор, туку прашање на конкурентност, ефикасност и иднина. Токму е-трговијата е еден од највидливите и најдинамичните показатели дека нашето општество, нашите компании и нашите млади претприемачи се подготвени да чекорат напред, да инвестираат во иновации и да создаваат нова економска вредност, додава Андоновски.

