Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со нови докази за трагедијата во Кочани: Снимки потврдуваат како избил пожарот во „Пулс“

    13.05.2026 во 15:41

    Приведени двајца возачи на мопеди: Едниот прегазил жена во Свети Николе, другиот со скоро 3 промили паднал во Куманово

    13.05.2026 во 15:35

    Истрага за над 820.000 евра: Полицијата изврши разговор со три лица за тендерите во Министерството за земјоделство

    13.05.2026 во 15:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Јакимовски со нови докази за трагедијата во Кочани: Снимки потврдуваат како избил пожарот во „Пулс“
    • Приведени двајца возачи на мопеди: Едниот прегазил жена во Свети Николе, другиот со скоро 3 промили паднал во Куманово
    • Истрага за над 820.000 евра: Полицијата изврши разговор со три лица за тендерите во Министерството за земјоделство
    • Филипче до Мицкоски: Не може македонска партија со бугарски пасоши
    • Мицкоски: Градоначалникот на Карпош не поднел оставка
    • Градежен работник паднал од висина во Кочани – итно е пренесен во Скопје
    • Скопјанка паднала во шахта на Партизанска – со тешки повреди пренесена во болница
    • Несреќа на Водно: Полицаец со мотор на МВР излетал од патот за да избегне лисица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Летаа казни за возачи на товарни возила – МВР со детали за акциската контрола

    Летаа казни за возачи на товарни возила – МВР со детали за акциската контрола

    11.03.2026 во 09:571 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека при акциска контрола на возачи на товарни моторни возила ширум територијата на државата се изречени вкупно 37 мерки за сообраќајни прекршоци.

    Контролата беше спроведена вчера, во периодот од 9 до 14 часот, од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи, на повеќе подрачја на сектори за внатрешни работи. Акцентот беше ставен на санкционирање на прекршоци од возачи на товарни возила.

    Од вкупно 37 казни, 12 се за прекршоци поврзани со претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, една мерка беше изречена за недостиг на задолжителна опрема во возило, една за техничка неисправност, а 10 за останати сообраќајни прекршоци.

    Дополнително, поднесени се 13 барања за поведување прекршочна постапка против правни и одговорни лица, а за сите сторители се изготвени соодветни поднесоци.

    Од МВР истакнаа дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период и апелираат до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат правилата и пропишите. „Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порача МВР.

    Прочитај повеќе

    Јакимовски со нови докази за трагедијата во Кочани: Снимки потврдуваат како избил пожарот во „Пулс“

    13.05.2026 во 15:41

    Приведени двајца возачи на мопеди: Едниот прегазил жена во Свети Николе, другиот со скоро 3 промили паднал во Куманово

    13.05.2026 во 15:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.