Close Menu
Press24
    Најново

    Лашкоска: Го зајакнуваме пристапот на граѓаните до еколошката правда по европски стандарди

    12.06.2026 во 17:18

    Историски рекорд: Илон Маск стана првиот човек во светот со богатство над еден билион долари

    12.06.2026 во 16:51

    МП и МЖСПП потпишаа меморандум со Франција за еколошка и климатска правда

    12.06.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лашкоска: Го зајакнуваме пристапот на граѓаните до еколошката правда по европски стандарди
    • Историски рекорд: Илон Маск стана првиот човек во светот со богатство над еден билион долари
    • МП и МЖСПП потпишаа меморандум со Франција за еколошка и климатска правда
    • Виничанец заработи кривична: Прекршил три судски забрани и се заканувал на сопругата и нејзините родители
    • Падна Фејсбук: Корисниците пријавуваат сериозни проблеми, апликацијата не се вчитува
    • Македонец уапсен во Албанија
    • Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката – Божиновска ги презентираше енергетските потенцијали пред турските инвеститори
    • Заработете 2.150 евра за три месеци: ДЗС бара поранешни војници и полицајци за гаснење на пожари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алармантно: 14 случаи на семејно насилство за само 24 часа – нападната бремена жена, син нападнат со нож, снаи напаѓале свекрви

    Алармантно: 14 случаи на семејно насилство за само 24 часа – нападната бремена жена, син нападнат со нож, снаи напаѓале свекрви

    10.03.2026 во 15:063 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од Министерството за внатершни работи (МВР) денеска информираа за 14 пријави за семејно насилство во последното деноноќие. Исто така посочија дека уапсени биле четири лица во Скопје, Кавадарци и гостиварско.

    Од МВР споделија детали за сите случаи кои биле пријавени.

    Вчера во 16:10 часот во ОВР Гостивар, 35-годишна жена од Кичево пријави дека, поради претходно недоразбирање, нејзиниот поранешниот сопруг Е.И. ѝ упатувал закани и агресивно се однесувал кон неа.

    Вчера во 19:57 часот во СВР Тетово, 21-годишник од гостиварко пријавил дека во семејниот дом, неговиот татко Г.А. агресивно се однесувал, кршел предмети и од членовите на семејството барал пари и им упатувал закани.

    Ноќеска во 04:00 часот ОВР Гостивар, 44-годишна жена од гостиварко пријавила дека, поради претходно меѓусебно недоразбирање, нејзиниот брат физички ја нападнал.

    Ноќеска во 00:55 часот во гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Р.(21) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговата невенчана 23-годишна сопруга дека агресивно се однесувал и физички ја нападнал, при што употребил и остар предмет.

    Вчера во СВР Охрид е пријавено дека И.А. и Ј.А. во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувале кон нивната снаа и физички ја напаѓале.

    Вчера во 11:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 65-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 64-годишна сопруга.

    Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж пријави дека околу 07:00 часот во домот на подрачјето на Центар бил нападнат со тврди предмети од неговата 37-годишна сопруга. Исто така, на 10.03.2026 во 01:00 часот, 37-годишна жена пријави дека претходниот ден во домот била нападната со тврди предмети од нејзиниот 46 – годишен сопруг.

    Ноќеска во 04:30 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена пријави дека од месец септември 2025 година досега, во скопско, нејзиниот сопруг С.А.(36) ѝ упатувал закани, а на 07.03.2026 физички ја нападнал.

    Ноќеска во 03:40 часот во СВР Скопје, 75-годишна жена пријави дека на 09.03.2026 во домот во скопско била физички нападната од нејзината снаа Е.С.(28).

    Синоќа во 21:00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена пријави дека на 08.03.2026 во домот била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг А.А..

    Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена пријави дека на 08 и 09.03.2026 во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот 33-годишен вонбрачен партнер. Исто така, во 17:30 часот, 33-годишен маж пријави дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговата 39-годишна вонбрачна партнерка.

    Вчера во 13:30 часот во СВР Скопје, 38-годишен маж пријави дека на 07.03.2026 во домот на подрачјето на Центар, неговата партнерка И.К.(36) го нападнала со тврд предмет.

    Синоќа во 22:30 часот во Скопје на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.Б.(68) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода упатувал закани со остар предмет на неговиот 35-годишен син.

    На 08.03.2026 во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(31) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата бремена 30-годишна сопруга.

    Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случаите, по што против лицата ќе следуваат соодветни пријави, порачаа од МВР.

    Прочитај повеќе

    Виничанец заработи кривична: Прекршил три судски забрани и се заканувал на сопругата и нејзините родители

    12.06.2026 во 16:15

    Македонец уапсен во Албанија

    12.06.2026 во 15:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.