Close Menu
Press24
    Најново

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46

    Затвореник од Прилеп дал 890.000 денари за намалување на казната, па сфатил дека е измамен

    22.04.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Глобалните системи за храна се на работ на колапс поради екстремните жештини
    • Овие 5 знаци ги очекува економски напредок
    • Емина Јаховиќ има голем проблем со синот
    • Затвореник платил 15.000 евра да му се намали казната, но сфатил дека бил измамен
    • Стојаноска: Николовски е најкриминалниот лик во земјоделие
    • Трамп тврди дека на негово барање Иран ги откажал егзекуциите на осум жени, Техеран негира
    • Сали се сретна со Маричиќ: Предлог измените на Изборниот законик во фокус на разговорите
    • Иран заплени два контејнерски брода во близина на Ормуската Теснина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат

    Невладиниот сектор алармира: Имаме политики за заштита на жените, но не се имплементираат

    09.03.2026 во 20:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Безбедноста се уште не е гарантирана за жените во Македонија, ниту институциите целосно ги имплементираат политиките за нивна заштита.

    Делегацијата на ЕУ во пресрет на 8 Март со порака дека не може да има еднаквост без да се отрстранат системските пропусти кои влијаат врз образованието, кариерата и успехот на жените.

    „Трагичниот настан минатата недела повторно ни покажа дека безбедноста и достоинството не се гарантирани  за многубројни жени и девојчиња, а дека институциите и општеството мора да обезбедат превенција, заштита и поддршка, рака под рака со отчетност“, изјави Бен Напнау, заменик-амбасадор на ЕУ.

    Најчестата причина поради која жените жртви на семејно насилство не ги напуштаат своите партнери од кои се малтретирани е финансиската нестабилност. Немаат каде да одат и се плашат дека немаат пари да обезбедат пристојни услови за живот за своите деца.

    Во Македонија, половина од населението се жени. Од нив вработени се само 38%. А 47 отсто активно бараат работа. 60% од тие што не бараат работа  е поради обврските што ги имаат околу семејството. Сметаат дека не можат да работат и да се грижат за семејството.

    „Жените сакаат да работат, за повеќето е тоа и економско прашање, меѓутоа и социјално прашање. Затоа што преку работата се поврзуваат со други кругови се, се социјализираат, не се изолирани. И не дај боже ако станат жртви на семејно насилство, ќе имаат повеќе социјални мрежи и контакти каде да се обратат“, изјави Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.

    Случаите за извршено насилството против жените и во изминатото деноноќие се најбројни во билтенот на МВР. Во црната хроника за 24 часа има осум пријави во кои мажи тепааат жени. Уапсени биле шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и виничко кои тепале, удирале со тврди предмети или агресивно се однесувале кон сопруги, девојки, повозрасни жени и поранешни партнерки. 

    По трагедијата во Карпош, кога мајка со својата ќерка се фрли од балкон како последица на насилството кое го трпела од својот партнер, во јавноста се разбранува прашањето колку жената е безбедна во македонското општество и зошто политиките за нивна заштита, остануваат само на хартија.

    Популарно

    Новини за пензионерите: Алиу најави продолжување на работниот век за специјалистите и бесплатно лекување за најранливите

    22.04.2026 во 13:00

    Возачи внимавајте: Старата прва помош веќе не важи во регионот, задолжително набавете нов сет

    22.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.