Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25

    Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница

    31.10.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот Мишо Ковач
    • Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички
    • Гласаа 104 болни и немоќни лица и осум затвореници за изборите за градоначалник во Брвеница
    • Град Скопје организираше бесплатен разглед на Матка и Врело – Орце најавува почести вакви настани
    • Над 5.000 смртни случаи од ебола во Конго
    • Со огнено оружје тројца разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
    • Со дрво ја тепал сопругата – полицијата приведе 82-годишник од Велес
    • Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Павловска Данева за Сител: Успешно емитувана првата седница на Уставниот суд во живо

    (ВИДЕО) Павловска Данева за Сител: Успешно емитувана првата седница на Уставниот суд во живо

    07.03.2026 во 13:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На 06.03.2026 година, судијата проф. д-р Ана Павловска Данева гостуваше во интервју во емисијата „Тема на денот“, каде што зборуваше за унапредувањето на транспарентноста на Уставниот суд.

    Во разговорот беше истакнато дека во средата, на 4 март, за првпат беше емитувана седница на Уставниот суд во живо на веб-страницата на Судот, што претставува важен чекор кон поголема отвореност на институцијата кон јавноста. Ова е дел од имплементацијата на последната фаза од процесот на зголемување на транспарентноста – снимање на седниците и нивно емитување во живо.

    „Сега ќе има можност секој да ја слушне нашата правна аргументација, да го слушне нашиот правен резон, кои се аргументите и зошто е донесена одлуката. Ова е всушност тоа што во светот го нарекуваат open justice, или отворена правда. И можеби ќе ги убедиме оние кои мислат спротивно, дека не е извршен никаков притисок. Можеби ќе престанат да нѐ прозиваат политичарите дека работиме за едната или другата партија“, истакна Павловска Данева.

    Таа додаде дека очекува преку јавните дискусии и аргументацијата која ќе биде достапна за граѓаните да се покаже дека одлуките се носат врз основа на правни аргументи.

    „Се надевам дека ќе успееме да докажеме преку нашите дискусии кои ќе бидат јавно видливи и следени дека постои правна аргументација. Во правото точно е дека не е како во математиката два плус два да се четири. Често се случува низ таа правна аргументација да го амениме ставот врз основа на аргументите од колегите и тоа е здраво и за тоа служат тие дебати,“ изјави судијата Данева.

    Прочитај повеќе

    Почина легендарниот Мишо Ковач

    31.10.2026 во 21:54

    Еден во болница, еден приведен: Масовна тепачка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички

    31.10.2026 во 21:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.