Close Menu
Press24
    Најново

    Хаос во кумановскиот суд: Референтка издала казнена евиденција на туѓо име без лична карта

    05.03.2026 во 13:55

    Мицкоски: Со средства од унгарскиот кредит се зголемува производниот капацитет на „АКТИВА Штип“

    05.03.2026 во 13:49

    Тошковски и СЕЛЕК договорија заеднички хајки против шверцерите и компјутерските измамници

    05.03.2026 во 13:35
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хаос во кумановскиот суд: Референтка издала казнена евиденција на туѓо име без лична карта
    • Мицкоски: Со средства од унгарскиот кредит се зголемува производниот капацитет на „АКТИВА Штип“
    • Тошковски и СЕЛЕК договорија заеднички хајки против шверцерите и компјутерските измамници
    • Проверете дали сте на списокот за исклучувања: Неколку скопски улици утре ќе останат без струја до 16 часот
    • Руте смирува: Соборената иранска ракета над Турција не значи почеток на војна меѓу НАТО и Иран
    • Жичницата на Водно не е во функција поради силно невреме
    • Цветановски: Оставка од Тошковски, МВР имало 12 пријави за убиецот од Карпош, а не мрднало со прст
    • Тошковски сподели убава вест: Станав татко по трет пат, нашето семејство го збогативме и со син
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Платформата за родова еднаквост бара системска промена: Да ставиме точка на семејното насилство

    Платформата за родова еднаквост бара системска промена: Да ставиме точка на семејното насилство

    05.03.2026 во 10:424 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Последниот трагичен случај на семејно насилство, во кој животот го загубија мајката и нејзината шестгодишна ќерка, ја откри нефункционалноста на системот за заштита кој формално постои уште од 2004 година. Во целиот овој период, државата не презеде суштински мерки за промена на пасивниот пристап, а усвојувањето на закони, политики и стратегии не беше проследено со обезбедување на потребните финансиски и човечки ресурси за нивна ефективна имплементација, се наведува во соопштението на Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација.

    Соопштението ви го пренесува во целост:

    Како резултат, повеќе од 20 години опстојуваат истите системски слабости кои оневозможуваат ефективна заштита на жените кои секојдневно трпат семејно насилство во домот, во местото каде што сите треба да бидеме најбезбедни и најсигурни: занемарена превенција на семејното насилство, неефективни законски механизми за заштита и 
    ограничен пристап до мерки, услуги и права за помош и поддршка за жртвите. Свесни сме дека семејното насилство е доста комплексен општествен проблем што бара делување во повеќе приоритетни области и координација на различни институции и поединци. Вредно е да се напомене дека имало примери на навремено и професионално постапување, но тие случаи повеќе се исклучок, а не правило: практиките не се воедначени на ниво на цела држава, слаба е соработката помеѓу институциите која често се сведува на ад-хок комуникација, а отсуствува и континуитет во примената. 

    Последните случаи со фатални последици по жртвите и нивните блиски, во Велес, Шуто Оризари и Скопје, како и фактот дека во последните години секој ден во полиција се пријавуваат повеќе од 15 случаи на семејно насилство, мора да бидат аларм за суштинска промена на пристапот на државата кон овој сериозен општествен проблем. 

    Апелираме до Владата и Собранието претстојното усвојување на Национална стратегија за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство 2026-2033 да го искористат како почетна основа за оваа промена и фактичко подобрување на состојбите. 

    Бараме Владата да го утврди како приоритет соодветното планирање и распределбата на потребните буџетски средства за доследно спроведување на првиот акционен план 2026-2029 година, со јасно утврдено и прогресивно годишно зголемување на наменските средства за превенција и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, од страна на Владата, надлежните министерства и ЕЛС. 

    Апелираме буџетските средства приоритетно да се насочат кон клучните компоненти што обезбедуваат навремена и ефективна заштита и поддршка на жртвите: 

    Обезбедување на сите потребни ресурси (финансиски, човечки, просторни и технички) за јакнење на капацитетите на ЦСР и полицијата.

    Интензивирање на превенцијата на насилството, преку континуирани национални кампањи за подобрување на разбирањето во јавноста за тоа што претставува семејното насилство, какви форми на насилство постојат, кои се последиците и специфичните потреби на жените што претрпеле семејно насилство, како да се користат законските механизми за заштита: 

    постапката за изрекување на привремени мерки за заштита и кривичниот прогон на сторителите. 

    Постепено вклучување на сите практичари во процес на задолжителна почетна и континуирана едукација, со таргети на секои 6 месеци, за во рок од две години да бидат опфатени сите практичари кои имаат директен или индиректен контакт со жртвите. 

    Проширување на мрежата на услуги за жртвите на национално ниво, преку прогресивно зголемување на поддршката за граѓанските организации. 

    Системско решавање на егзистенцијалните проблеми на жените што претрпеле семејно насилство, преку обезбедување на: финансиска поддршка во периодот на транзиција 12 месеци по напуштањето на насилната заедница; бесплатна секундарна правна помош во сите постапки; здравствени услуги; долгорочно домување.

    Последните трагични случаи мора конечно да бидат пресвртница, државата да премине од декларативни мерки кон реална, координирана и финансирана заштита на жените и децата. 

    Како граѓански организации со долгогодишно искуство во оваа област, стоиме на располагање за суштински придонес во креирањето и практичната примена на мерките што ќе ја направат оваа промена возможна. 

    Top News
    Популарно

    Кој ќе го купи Аудито на Мерко – Почетна цена од 21.800€

    05.03.2026 во 10:12

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.