Легендарниот пејач Харис Џиновиќ остана без своето најдраго место од детството. Неговата родна куќа на Башчаршија, каде што израснал со мајка му и тетка му, повеќе не постои. На местото каде што некогаш се слушала песна и каде познатиот пејач ги направил првите чекори, денес се наоѓа луксузен ресторан.
Пријателите и соседите со носталгија се потсетуваат на „градското дете“ Харис. Неговиот прв менаџер, Садик Пашиќ Паја, открива дека куќата била мала, но во неа секогаш имало живот. „Беше тешко да се докажеш како вистински Сараевчанец, чаршијата не покажуваше милост кон никого“, вели Паја, додавајќи дека денешното Сараево е многу поразлично од она во кое растел Харис.

