Close Menu
Press24
    Најново

    Скопјанец пронајден починат во својот дом

    04.03.2026 во 15:57

    Меган Фокс се врати и го „запали“ Instagram

    04.03.2026 во 15:42

    Бугарин го терал да шири омраза против Македонците – скопјанец ќе одговара кривично поради статуси на ФБ

    04.03.2026 во 15:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Скопјанец пронајден починат во својот дом
    • Меган Фокс се врати и го „запали“ Instagram
    • Бугарин го терал да шири омраза против Македонците – скопјанец ќе одговара кривично поради статуси на ФБ
    • Хегсет: Иран се обиде да го убие претседателот Трамп
    • САД предупредуваат: Избегнувајте го Кипар поради ескалацијата на војната
    • ВИДЕО: Иран истрела ракета кон Турција
    • Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет
    • Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти,  уште едно лицемерие на Владата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вицегувернерката Митреска: Континуитет на политиката на стабилен девизен курс и одржување на макроекономската стабилност

    Вицегувернерката Митреска: Континуитет на политиката на стабилен девизен курс и одржување на макроекономската стабилност

    04.03.2026 во 11:482 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    „Народната банка внимателно ги следи сите поместувања поврзани со конфликтот на Блискиот Исток и е подготвена да реагира со соодветни инструменти доколку се појават поизразени и подолготрајни ефекти врз домашната економија“, истакна вицегувернерката Ана Митреска во интервју за ТВ „Телма“.

    -Засега, најверојатните сценарија се умерени, со оцени за побрзо смирување на воените операции, ограничени ефекти врз снабдувањето и цените на енергентите и помали економски последици. Доколку дојде до ескалација и ако се покаже дека ефектите од конфликтот се подолготрајни, со посилни притисоци врз инфлацијата и девизните резерви, централната банка има простор да реагира со повеќе инструменти за стабилизација што ѝ стојат на располагање, нагласи Митреска.

    Митреска посочи дека каналите преку коишто може да се пренесе растот на светските цени на енергентите и кај нас се директни и индиректни. Директните се однесуваат на пренесувањето на овој раст директно врз домашните цени, како и врз вкупниот увоз. Индиректните ефекти би ги почувствувале преку промените на економските изгледи на нашите трговски партнери, односно земјите од Европската Унија. Досегашните оцени за последиците од конфликтот за европската економија посочуваат на ограничени ефекти врз инфлацијата и растот или, со други зборови, нема очекувања за некои големи промени во надворешното окружување за домашната економија гледано низ оваа перспектива.

    -Народната банка постојано ги следи состојбите и можните ефекти врз македонската економија. Во изминатите години, напоредно со справувањето со кризите, градевме дополнителен простор и капацитет за ублажување на можните нови шокови. Девизните резерви во моментов се околу 70% над нивото пред пандемијата, а отпорноста на банкарскиот, систем според сите параметри, дополнително зајакна во изминативе неколку години. Оттука, нема дилема околу континуитетот во одржувањето на стабилноста на девизниот курс и на вкупната макроекономска стабилност, порача Митреска.

    Популарно

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    ВИДЕО: Иран истрела ракета кон Турција

    04.03.2026 во 14:41

    Нови детали: Познат идентитетот на возачот кој загина на обиколницата Скопје-Тетово

    04.03.2026 во 10:52

    (ВИДЕО) Голем хаос во Дубаи: Иранците го погодија американскиот козулат

    03.03.2026 во 21:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.