Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Се менуваат правилата за горивата: Нови стандарди за квалитет и контрола на пазарот

    Се менуваат правилата за горивата: Нови стандарди за квалитет и контрола на пазарот

    09.07.2026 во 11:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По речиси две децении, правилата за квалитетот на течните горива се менуваат со нова уредба која воведува современи стандарди, поголема контрола и појасни услови за сите учесници на пазарот.

    Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информираат дека новата уредба го заменува досегашниот Правилник за квалитет на течните горива, кој се применуваше речиси 19 години.

    Со новото решение се утврдуваат видовите и карактеристиките на течните горива што може да се продаваат на домашниот пазар, начинот на проверка и следење на нивниот квалитет, како и обврските на компаниите што учествуваат во пазарот на сурова нафта, нафтени деривати и горива за транспорт.

    Според Министерството, новата регулатива треба да обезбеди еднакви услови за сите компании, да го намали просторот за злоупотреби и да придонесе за пофер конкуренција.

    „Со новата уредба се воспоставуваат јасни и современи правила за тоа какви течни горива може да се пласираат на домашниот пазар, како ќе се утврдува нивниот квалитет и како ќе се следи нивното почитување. За граѓаните тоа значи поголема сигурност дека горивата што ги користат ги исполнуваат пропишаните стандарди“, велат од МЕРМС.

    Од ресорното министерство додаваат дека примената на повисоки стандарди за квалитет на горивата ќе придонесе и за намалување на штетните емисии и подобрување на заштитата на животната средина.

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оцени дека новата уредба претставува важна реформа во енергетскиот сектор.

    „По речиси 19 години, ја заменуваме застарената регулатива со нова уредба, која носи јасни правила и стандарди. Нашата цел е граѓаните да имаат поголема сигурност во квалитетот на горивата, компаниите што работат законски да бидат заштитени од нелојална конкуренција, а пазарот да функционира според еднакви правила“, изјави Божиновска.

    Со новата уредба, Министерството продолжува со спроведувањето на новиот Закон за енергетика и усогласувањето на регулативата со современите стандарди, со цел поголема транспарентност, правна сигурност и подобро уреден пазар на течни горива.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15

    Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница

    06.10.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.