Close Menu
Press24
    Најново

    САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија

    30.10.2026 во 22:41

    Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски

    30.10.2026 во 22:37

    УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија

    30.10.2026 во 22:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Пронајдено човечко тело во кеса за ѓубре во Бруклин
    • Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè
    • Скокна цената на нафтата
    • Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн
    • Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Откако ја водиме владата, македонската економија со позитивен раст на БДП

    ВМРО-ДПМНЕ: Откако ја водиме владата, македонската економија со позитивен раст на БДП

    04.03.2026 во 09:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонската економија заздравува и се движи во добра насока, поставени цели и проекции се остваруваат. Сериозниот пристап и внимателното проектирање и водењето на економските политики ги даваат своите резултати, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Најновите податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат дека минатата година ја завршивме со раст на БДП од 3,5%, додека во четвртото тримесечје растот на економијата изнесува 3,8%.

    Растот на економската активност во четвртиот квартал е на широка основа, додека посветеност на Владата за реализација на капиталните инвестиции доведе до силна динамика на растот на градежништвото кој достигна 14,6%, кој се должи на зголемената активност во нискоградбата која забележа реален раст од 12,5% во четвртиот квартал.

    Висок раст од 8,1% е забележан кај стручните и научни дејности, во трговијата и транспортот 4,4%, 3,6% раст во преработувачката индустрија, 2,7% во дејности со недвижен имот и така натаму.

    Позитивно влијание врз економската активност имаше и нето-извозот, така што извозот на стоки и услуги порасна за високи 9,7% на реална основа, додека увозот за 3,3% и ова упатува на понатамошно закрепнување на извозната активност започната од почетокот на годината, по намалувањето во изминатите години.

    Од друга страна, поддржана од растот на платите, приватната потрошувачка остана стабилна со реален раст од 2%.

    Овие бројки не се обични проценти, туку истите се јасни показатели кои претставуваат потврда за добро планираните и спроведени политики кои доведоа до позитивните економски движења во земјата.

    Исто така, покажуваат континуитет во остварувањето на позитивни резултати во економијата кои создаваат услови за постигнување повисоки стапки на раст кои ќе доведат до подобар животен стандард.

    Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води владата, веќе шест квартали по ред македонската економија бележи позитивен раст на БДП од 3 или над 3%.

    Прочитај повеќе

    Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн

    30.10.2026 во 21:19

    Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси

    30.10.2026 во 19:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.