Close Menu
Press24
    Најново

    Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“

    30.10.2026 во 23:05

    Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр

    30.10.2026 во 22:54

    САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија

    30.10.2026 во 22:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Пронајдено човечко тело во кеса за ѓубре во Бруклин
    • Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè
    • Скокна цената на нафтата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собраниска делегација на Конференција за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ

    Собраниска делегација на Конференција за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ

    02.03.2026 во 10:581 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонска собраниска делегација ќе учествува на Интерпарламентарната конференција за заедничката надворешна и безбедносна политика (CFSP) и заедничката безбедносна и одбранбена политика (CSDP), која од 3 до 5 март ќе се одржи во Никозија, Кипар. Конференцијата, организирана од Парламентот на Република Кипар во рамките на парламентарната димензија на Кипарското претседателство на Советот на ЕУ, има за цел да ја зајакне отпорноста, единството и ефикасноста на ЕУ во областа на надворешната и безбедносната политика, во услови на актуелни геополитички предизвици.

    Фокусот ќе биде ставен на приоритетите и стратегиите на CFSP и CSDP, улогата на ЕУ во Северна Африка и Блискиот Исток, како и развојот на посилна и покапацитетна европска одбрана.

    Во состав на македонската делегација се претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Павле Арсоски, претседателот на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, Муса Џафери, како и членовите на овие комисии – Оливер Спасовски и Рашела Мизрахи.

    На конференцијата ќе учествуваат претседатели на надлежни парламентарни комисии од земјите членки на ЕУ и Западен Балкан, членови на Европскиот парламент, како и претставници од академската и безбедносната заедница. Оваа платформа е значајна за размена на мислења и зајакнување на интерпарламентарната соработка меѓу националните парламенти, Европскиот парламент и поканетите експерти.

    Прочитај повеќе

    Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски

    30.10.2026 во 22:37

    УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија

    30.10.2026 во 22:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.