Close Menu
Press24
    Најново

    Петок неработен ден – УХМР ја објави временската за продолжениот викенд

    25.08.2026 во 11:10

    Николовска: Владата овозможува вработување за уште 300 приватни специјализанти и зголемување на платите во здравството

    25.08.2026 во 12:49

    Добри вести за возачите: Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

    25.08.2026 во 09:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Подгответе се за метеж – Посебен режим на сообраќај во Скопје
    • Јанчев: Пожарот на „Мелци“ е напад врз градот, има индиции дека е подметнат
    • Богата програма во Скопје: Почнува манифестацијата „Денови на Света Мајка Тереза“
    • ЦУК со пресек: Каква е состојбата со пожарите низ Македонија
    • Ќе нема струја со часови – Оваа среда најавени исклучувања низ Скопје
    • Цвеќе и свеченост за роденденот на Мајка Тереза – Одбележување во срцето на Скопје
    • Инвестиција од 222 милиони евра – Старт на изградбата на автопатот Скопје-Блаце
    • Собранието со полни раце работа: Антикорупција, инвестиции и буџет на дневен ред
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претседателката Сиљановска-Давкова: Нема опасност за безбедноста на Македонија

    Претседателката Сиљановска-Давкова: Нема опасност за безбедноста на Македонија

    02.03.2026 во 08:091 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Во моментов не сме соочени со нестабилност и нема закана по безбедноста ниту во земјата ниту во регионот. Постојат механизми за рано предупредување, институциите внимателно ја следат состојбата и меѓусебно се координираат, врз основа на што ја даваме оваа оценка за стабилност и сигурност“, изјави Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност, на која се разговараше за безбедносната состојба во земјата по најновите случувања на Блискиот Исток.

    Таа посочи дека институциите и натаму ќе продолжат внимателно да ја следат состојбата.

    „Во постојана координација сме и со надлежните органи во регионот и ќе разменуваме информации“, најави претседателката Сиљановска-Давкова.

    Со седницата претседаваше Сиљановска-Давкова, а присуствуваа претседателот на Собранието Африм Гаши, премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов.

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој престојува во САД, на седницата се вклучи преку видеоврска.

    На состанокот присуствуваа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, како и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

    Top News
    Прочитај повеќе

    Подгответе се за метеж – Посебен режим на сообраќај во Скопје

    26.08.2026 во 08:21

    Јанчев: Пожарот на „Мелци“ е напад врз градот, има индиции дека е подметнат

    26.08.2026 во 08:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.