Close Menu
Press24
    Најново

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57

    Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора

    29.10.2026 во 22:56

    Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен

    29.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Бројот на жртвите од железничката несреќа во Шпанија се искачи на 74, истрагата ги утврдува причините
    • Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството
    • Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Театарот со Груби стана циркус

    СДСМ: Театарот со Груби стана циркус

    27.02.2026 во 09:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Театарот со Груби стана циркус. Имаме чувство Мицкоски, велат од СДСМ. 

    „Прво граѓаните ја видоа режираната претстава на граница, доаѓањето со наочари, со насмевка, каде недостасуваше уште црвен килим за Груби.

    Потоа смисленото сценарио и пречек со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола на ВМРО преку Орбан.

    Па одредувањето куќен притвор од обвинителство и судство по контрола на ВМРО ОКГ.

    Обвинителството прво велеше дека АНБ на Христовски и МВР на Тошковски дале безбедносна проценка дека Груби не е безбеден и затоа морале да одредат куќен притвор.

    Излезе директорот на Затворот и демантираше, рече дека ниту АНБ ниту МВР не дошле и не направвиле проценка.

    Вчера Мицкоски изјави дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и не може да се соопшти. Имал чувство.

    Сега излегуваат информации дека наводно „странски служби“ јавиле уште пред една година и дека безбедносна проценка воопшто не била направена од АНБ и МВР.

    Циркус.

    Само не кажаа која, дали српска или руска странска служба?

    Веќе не знаат што да излажат. Само нешто се измисллува за да се покрие сценариото.

    Исто како во времето на Никола Груевски.

    Какви странски служби, какви проценки, нема посилна потврда од ова дека сè е договорено“, стои во соопштението од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата

    29.10.2026 во 19:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.