Close Menu
Press24
    Најново

    Николова до Јаневска: Ја рушите уставната автономија на универзитетите

    26.02.2026 во 18:02

    Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите

    26.02.2026 во 17:49

    Камион прегази крава на патот Крива Паланка – Куманово

    26.02.2026 во 17:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николова до Јаневска: Ја рушите уставната автономија на универзитетите
    • Јаневска: Крајно време е универзитетите и општеството да склучат договор дека ќе работат во полза на младите
    • Камион прегази крава на патот Крива Паланка – Куманово
    • Дипломатска офанзива на Вашингтон: Меланија Трамп во понеделник го презема кормилото на ОН
    • Марко Рубио за инцидентот кај Куба: „САД немаат врска со ова, независно ги проверуваме фактите“
    • Хоџа-Касами: Силен инвестициски фокус животната средина во Тетово
    • Скопјанка заврши со лисици на рацете
    • Падна пресудата за помагачите: По 5 години затвор за тројцата Турци за убиството во Штип
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Димитриеска-Кочоска: Буџетот е стабилен и во добра кондиција

    Димитриеска-Кочоска: Буџетот е стабилен и во добра кондиција

    26.02.2026 во 15:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Буџетот е во стабилна и добра кондиција и сите обврски се сервисираат навремено и непречено, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на пратеничко прашање во Собранието.

    Таа апелираше да не се создава лажна перцепција дека буџетот е во банкрот и нагласи дека фактот што нема доцнење во исплатите, не се воведуваат дополнителни товари за граѓаните и стопанството јасно покажува дека јавните финансии се управуваат одговорно, транспарентно и со јасен план.

    „Апелирам да не се создава лажна перцепција дека Буџетот е во банкрот. Доколку Буџетот ги сервисира сите обврски навреме и не воведува дополнителни товари за граѓаните и компаниите, тоа јасно покажува дека јавните финансии се стабилни и во добра кондиција. Нашите политики се насочени кон фискална консолидација, транспарентност и градење доверба кај инвеститорите и јавноста“, кажа  Димитриеска Кочоска.

    Министерката повтори дека од почетокот на годината државата се задолжи со една милијарда евра со цел раздолжување на постојни обврски, а дополнително ќе се обезбедат уште 300 милиони евра од странство, исто така наменети за сервисирање на долг кој доспева,  бидејќи како што кажа, само во 2026 година доспеваат околу две милијарди евра обврски, информација што континуирано и транспарентно се соопштува, при што, како што посочи министерката, станува збор за одговорно управување со јавниот долг, а не за ново нето задолжување.
    „Буџетскиот дефицит бележи континуирано намалување, од 4,4 проценти од БДП во 2024 година, на 4 проценти во 2025 година, со проектирани 3,5 проценти во 2026 година, што претставува јасен сигнал за фискална консолидација и стабилизирање на јавните финансии„ кажа министерката.

    Осврнувајќи се на еврообврзницата, таа нагласи дека најниската каматна стапка која што е постигната со нејзиното издавање е резултат на месеци посветена работа и интензивна комуникација со меѓународните инвеститори.

    „Нема ниту еден коментар за најниската каматна стапка што ја добивме на еврообврзницата. Тоа не доаѓа „од небо“. Тоа е резултат на месеци работа и постојана комуникација со инвеститорите, кои на дневна основа поставуваат прашања за буџетот, економијата, плановите и секако  за наследените состојби, кои внимателно ги следат економските политики, буџетската дисциплина, реформските процеси и наследените состојби“ кажа министерката.

    Министерката нагласи дека останува приоритет одговорното управување со јавните финансии, одржувањето на макроекономската стабилност и обезбедувањето предвидлива и сигурна економска средина за граѓаните и бизнисите.

    Популарно

    Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен

    25.02.2026 во 10:01

    Трамп едвај го започна говорот, а веќе првиот инцидент: „Црнците не се мајмуни“

    25.02.2026 во 09:51

    Граѓаните и фирмите не ги прифаќаат казните од камерите „Safe City“ – 476 лица ќе ја бараат правдата на суд

    26.02.2026 во 12:58

    Познато од што боледува министерот Дачиќ

    26.02.2026 во 09:14

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.