Close Menu
Press24
    Најново

    Кулминира револтот во Крива Паланка: Утре протест против кравите што уништуваат имоти

    25.02.2026 во 16:45

    И Апелација пресуди дека Анѓушев бил наклеветен – одбиена жалбата на ИРЛ

    25.02.2026 во 16:29

    Хорор во Хрватска: Мајка на работа однела урина од 3-годишното дете за тест на дрога, резултатот ги згрози сите

    25.02.2026 во 16:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кулминира револтот во Крива Паланка: Утре протест против кравите што уништуваат имоти
    • И Апелација пресуди дека Анѓушев бил наклеветен – одбиена жалбата на ИРЛ
    • Хорор во Хрватска: Мајка на работа однела урина од 3-годишното дете за тест на дрога, резултатот ги згрози сите
    • Собранието пресече: Се кратат платите на функционерите за 13.000 денари
    • Петрушевски му одговори на Заев: Тужбата нема да ја сокрие вистината, веќе не се суди „на телефон“
    • Голем дел од Скопје утре без струја – исклучувањата ќе почнат уште во 4 часот наутро
    • Нови скејт-паркови, велосипедски патеки и кејови: Делчево и Берово со силна градежна офанзива преку ИПА фондовите
    • Рокас: Нема влез во ЕУ без право на глас
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сведоштво на гитаристот Тонев за трагедијата во „Пулс“: Капеа црни капки од запалениот сунгер

    Сведоштво на гитаристот Тонев за трагедијата во „Пулс“: Капеа црни капки од запалениот сунгер

    25.02.2026 во 13:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Судењето за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ продолжи денеска со сослушување на Горан Тонев, музичар и надворешен соработник на групата ДНК. Тонев, кој бил на бината во моментот на избивање на пожарот, пред судот ги опиша застрашувачките моменти на ескалација на огнот и густиот чад кој го исполнувал просторот.

    Сведокот појасни дека пиротехничките средства биле веќе поставени на бината пред нивниот настап, но нагласи дека не знае кој ги донел или ги монтирал. Тој додаде дека пожарот се ширел екстремно брзо, по што настанал хаос при обидот да се напушти објектот.

    Опишувајќи ги драматичните сцени, Тонев истакна:

    „Пожарот настана над бината, јас се симнав по скалите од бината, се упатив кон излезот, екстремно брзо се ширеше пожарот, од горе од сунгерот капеа капки, беше екстремно топло, имаше многу густ чад, не можев да дишам и тоа траеше многу време. Како што гореа сунгерите тие се топеа и кога погледнав нагоре огнот беше над мојата глава и капеа црни капки. Имам повреди и од нив.“

    Тонев, кој поради тешките изгореници на дишните патишта и телото се лекувал во Солун, изјави дека сè уште не може да ја извршува својата функција како гитарист.

    Популарно

    Нека не ве лаже сонцето – Полицијата ќе ве казни 2800 денари ако го немате ова во возилото

    25.02.2026 во 08:13

    Германија со итно предупредување: Подгответе залихи со храна

    25.02.2026 во 11:11

    (ВИДЕО) Тешка сообраќајка во Скопје: Полициско возило се судри со автомобил на „Востаничка“

    25.02.2026 во 14:53

    Обвинителите се бунат: Не сакаме пониски плати, имаме најниски во регионот

    25.02.2026 во 10:41

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.