Во Тетово денеска започнува дводневниот настан Global Digital City 2026, посветен на развојот на BPO и ИКТ секторот, унапредување на дигиталните вештини, иновациите и зголемување на вработливоста кај младите.
Како што информираат организаторите, настанот ќе ги собере институциите, претставници на индустријата, меѓународни компании, академската заедница и млади професионалци од регионот, со цел размена на искуства и поттикнување соработка.
Во рамки на програмата се предвидени обраќања, панел-дискусии, обуки и презентации на компании, како и организирани средби за вмрежување и други активности. Посебен акцент ќе биде ставен на можностите за вработување и развој на практични вештини кај студентите и младите лица.

