Close Menu
Press24
    Најново

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39

    „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија

    03.08.2026 во 15:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел
    • Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син
    • „Колапс“ на ГП Богородица: Се чека по три часа за излез од Македонија
    • Гаши во Каиро: Македонија е пример за меѓурелигиски и мултиетнички соживот
    • Избегната трагедија: Приведен пијан пешак на автопатот Гостивар–Тетово, шетал по коловозот и навредувал полицајци
    • УХМР со најнови податоци: Гевгелија и Велес ги соборија денешните температурни рекорди
    • Приведен 52-годишен стружанец: Навредливо се однесувал кон службени лица на прославата за 2 Август во Ташмаруништа
    • Тешко повредено 4-годишно дете од Скопје: Во него удрило возило со швајцарски таблички
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски обвинува екс-функционери за шверцот на марихуана

    Мицкоски обвинува екс-функционери за шверцот на марихуана

    21.02.2026 во 13:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Гостивар изјави дека има информации за тоа како запленетата марихуана во Србија излегла од Македонија, директно посочувајќи кон лица поврзани со поранешната власт.Одговарајќи на прозивките од опозицијата, тој откри дека во случајот е вмешана фирма поврзана со поранешен локален функционер на СДСМ.

    „Има функционери, но од претходната Влада. Има фирма која што е сопственост на поранешен претседател на СДСМ во Ново Село односно негов син. Можеби МВР може повеќе да сподели, но во интерес на истрагата би се задржал на ова“, изјави Мицкоски за време на увидот на градежните работи на Коридорот 8.

    Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) информираше дека е отворена истражна постапка против шест лица за неовластено пуштање во промет на наркотични дроги. Истрагата се темели на докази од МВР и од српското Обвинителство преку меѓународна правна помош.

    Според ОЈО, осомничените делувале од 2025 година до крајот на јануари 2026 година. Првоосомничениот,сопственик на фирма од Скопје, набавил над 8.832 килограми сув цвет од канабис од струмичка фирма. Откако вработените го спакувале во над 200 кутии, бил организиран повеќекратен транспорт кон Србија. 

    За двајца од осомничените, кои веќе се наоѓаат во краткотраен притвор, надлежниот јавен обвинител побара од судот да им биде одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

    Прочитај повеќе

    Ограбена црква во кривопаланечко: Однесени пари и бакарен котел

    03.08.2026 во 15:55

    Приведен полицаец во Стар Дојран: Претепал жена со која бил во врска и нејзиниот малолетен син

    03.08.2026 во 15:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.