СВР Струмица поднесе кривична пријава против Г.Б.(37) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измамување на купувачи“.
На 10.02.2026 и во два наврати на 18.02.2026, пријавениот и неговиот малолетен син, со намера да измамат купувачи на подрачјето на Радовиш, пуштиле во промет производи со ознака на позната марка, кои не одговараат на потеклото или квалитетот на оригиналните производи, при што се стекнале со противправна имотна корист од 250 евра и златен накит, кој го прифатиле за наплата како замена за пари.
На 18.02.2026 пријавениот и неговиот малолетен син, се затекнати во Радовиш со патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки и при извршен преглед на возилото, биле пронајдени и одземени повеќе различни комплети со ознака на позната марка, а при извршен преглед над нив, се пронајдени и одземени пари и златен накит, кои пријавениот ги земал од измамените лица за наплата на купените производи.
- Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
- 20 години од смртта на Наско Џорлев
- Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
- Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
- Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
- Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
- Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
- Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми

