Close Menu
Press24
    Најново

    Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт

    29.10.2026 во 21:37

    22-годишник уапсен во близина на Милано под сомнение за тероризам: Под истрага е планирање напади врз синагога и џамија

    29.10.2026 во 21:17

    „Никој да не го заборави тоа“: Путин ја предупредува Европа на опасно сценарио

    29.10.2026 во 21:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт
    • 22-годишник уапсен во близина на Милано под сомнение за тероризам: Под истрага е планирање напади врз синагога и џамија
    • „Никој да не го заборави тоа“: Путин ја предупредува Европа на опасно сценарио
    • Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар
    • Електрична греалка предизвикала пожар во соба: Починаа две мали деца
    • Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе
    • Мицкоски: Сакам да сум првиот човек кој ќе ја уништи корупцијата
    • Мицкоски: Со Србија имаме добрососедски односи, но мојот фокус се Македонија и домашните прашања
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Алиу: Подготвивме значајни измени на Законот за здравствена заштита – сите засегнати страни имаат можност да достават предлози на ЕНЕР

    Алиу: Подготвивме значајни измени на Законот за здравствена заштита – сите засегнати страни имаат можност да достават предлози на ЕНЕР

    20.02.2026 во 13:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за здравство подготви повеќе важни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се поставени на Единствениот национален електронски регистар на прописи ЕНЕР. Сите засегнати страни имаат можност да достават свои сугестии и предлози, кои ќе бидат разгледани согласно утврдената процедура.

    -Се водиме од принципите на транспарентност и отчетност и сите конструктивни забелешки, мислења и сугестии ќе бидат земени во предвид во финалната верзија на новиот предлог закон за здравствена заштита. Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во делот на постапката за вработување здравствени работници и соработници во ЈЗУ, статусот на директорите на јавните здравствени установи, специјализациите и супспецијализациите, како и условите за пензионирање на здравствените работници и работа по пензионирањето, како и усогласување со други прописи, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

     Меѓу позначајните предлог законски измени е приоритетното вработување на најдобрите по успех дипломирани доктори на медицина на медицинските факултети во нашата држава. За нив, доколку се пријават на оглас за вработување нема да се спроведува постапка за селекција на кандидат, туку тие приоритетно ќе се вработуваат во јавната здравствена установа.

    Во постапката за вработување, предвидено е составот на комисијата за селекција на кандидатите да го предлага стручниот колегиум на установата, за секое огласено работно место посебно.

    Согласно резултатите од постапката за вработување, директорот е должен да го вработи најдобро рангираниот кандидат.

    – Со цел правилно планирање на потребите за специјалистичките и супспецијалистичките кадри во државата и можностите за спроведување на специјализациите и супспецијализациите, во иднина Владата покрај програмите за државни специјализации и кофинансирани специјализации, ќе донесува и програма со која ќе се определи бројот на приватни специјализации, односно супспецијализации, соодветно на потребите за медицински кадри. Исто така, се зголемува и возраста за ангажирање искусни кадри доктори на медицина од дефицитарни специјалности/супспецијалности и искористување на нивната стекната стручност. За овие лица се овозможува од 67 години до навршување 70 години возраст со договор да бидат ангажирани во здравствени установи во мрежата и да ја задржат пензијата. Ангажирањето ќе биде врз основа на согласност од Министерството за здравство и Фондот за здравственото осигурување, доколку нема повеќе услови за извршување на определена здравствена дејност или за извршување на непрекината дејност, додава министерот Алиу.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.