Close Menu
Press24
    Најново

    Герасимовски: Бесплатна Wi-Fi зона во Дебар Маало, создаваме современ и дигитален Центар

    20.02.2026 во 12:36

    Дејан Проданоски: За Прилеп, 2026 е година на нови почетоци и предизвици

    20.02.2026 во 12:35

    Манасиевски: Ново сведоштво за политичкиот прогон врз ВМРО-ДПМНЕ, разрешен судија поради неусогласеност со СДС и ДУИ

    20.02.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Герасимовски: Бесплатна Wi-Fi зона во Дебар Маало, создаваме современ и дигитален Центар
    • Дејан Проданоски: За Прилеп, 2026 е година на нови почетоци и предизвици
    • Манасиевски: Ново сведоштво за политичкиот прогон врз ВМРО-ДПМНЕ, разрешен судија поради неусогласеност со СДС и ДУИ
    • (ВИДЕО) Кузеска: Парите за нов авион да се пренасочат за зголемување на минималната плата
    • 25-годишникот што задуши жена бил сериски убиец: Обвинителството изнесе фрапантни детали за поврзаните случаи
    • За 1.000 денари поскапе животот во февруари: Објавена новата синдикална кошничка
    • (ФОТОВЕСТ) Вистински џентлмен: Тошковски и држеше чадор на геманската амбасадорка
    • (ВИДЕО) Германците донираа опрема за МВР вредна 600.000 евра: Тошковски јавно и се заблагодари на амбасадорката
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Народната банка одбележува 80 години централнобанкарско работење

    Народната банка одбележува 80 години централнобанкарско работење

    20.02.2026 во 10:05
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Народна банка на Северна Македонија одбележува 80 години од институционализираното централнобанкарско работење во земјата. Според банката, овој јубилеј ја потврдува долгорочната, динамична и одговорна институционална еволуција, обележана со континуирани трансформации и прилагодувања на економските и општествените промени.

    Темелите на централнобанкарското работење беа поставени со Уредбата за спојување на кредитните претпријатија од државниот сектор на 25 септември 1946 година, со која Македонската стопанска банка стана Централа на Народната банка на ФНРЈ за Народна Република Македонија. Тие беа дополнително зацврстени со фактичкото спојување со Народната банка на ФНРЈ на 19 октомври истата година. Со создавањето на независната држава и прогласувањето на монетарната самостојност во април 1992 година, Народната банка се разви во самостојна институција, носителка на сите клучни функции на современото централно банкарство.

    Во изминатите осум децении, банката функционираше во различни општествени и економски услови, од периоди на стабилност до длабоки трансформации. Постепено ги утврди своите надлежности, функции и институционален интегритет, станувајќи современа, професионална и кредибилна централна банка со висок ниво на доверба кај јавноста и препознатлив углед на меѓународната финансиска сцена. Преку доследно спроведување на своите законски цели – одржување на ценовната и финансиската стабилност – банката создава стабилни макроекономски услови и придонесува за одржлив економски раст и развој на општеството.

    По повод јубилејот, Народната банка најавува низа активности со кои ќе се истакне богатото институционално наследство и улогата на централното банкарство во современото општество.

    Популарно

    „Сејф Сити“ не простува: Казна од 45 евра ако влезете на зелено, а останете заглавени среде крстосница

    19.02.2026 во 23:16

    Тешка сообраќајка во Скопје: Мотоциклист повреден по удар од отворена врата на Пежо

    19.02.2026 во 23:13

    УХМР со најава: Ќе истури дожд

    20.02.2026 во 08:00

    Драма во автобус на ЈСП – Претепани две млади момчиња

    20.02.2026 во 08:22

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.